Порталб.мк: Ветувања само на хартија, нема иницијатива за изградба на новата болница во Струга

-

Новата болница, па дури и реновирањето на сегашната болница во Струга, останува неостварено ветување на актуелниот градоначалник Рамиз Мерко. Од 2017 до 2021 година, единствената работа која е завршена во болницата е уредувањето на паркинг просторот, средување на патеките и формирање модуларна болница за случаи на ковид-19. Општата болница во Струга и понатаму функционира во многу лоши услови, пишува Порталб.мк

Општата болница во Струга и понатаму функционира во мизерни услови, иако со години во Струга се ветува подобрување на условите во Општата градска болница. Сепак, до денес во Струга, не е започната изградба на нов болнички центар, ниту е спроведено реновирање на сегашниот објект, каде се лекуваат пациенти од целиот регион на југозападна Македонија, но и пациенти од соседните градови на Албанија.

За време на предизборната кампања на локалните избори во 2017 година, решение за струшката болница вети Рамиз Мерко, актуелен градоначалник. Мерко им го претстави на граѓаните концептот „здравје во сите локални политики“ и се обврза дека ќе обезбеди сите граѓани на Струга да имаат корист од современиот сеопфатен здравствен систем. Во изборната програма 2017 година „За Општината што ја посакуваме” (стр 20) градоначалникот Рамиз Мерко вети: Реновирање на Општата болница (во соработка со министерот за здравство).

Рамиз Мерко го повторува ветувањето за подобрување на состојбата во градската болница во интервју за Порталб и Вистиномер.мк, во мај 2018 година, тој дури вети дека до јуни или јули на истото место ќе има урбанистички план во кој што ќе се најде и локацијата за изградба на нова болница.

„Мора да имаме соработка помеѓу локалната и централната власт. Од првиот ден кога ја презедовме општината, работиме на донесување на генералниот урбанистички план, при што, меѓу другото, во тој план мора да направиме простор за нова болница. Токму ова се надлежностите на Општината за донесување на генералниот урбанистички план. Во исто време, преку структурите на ДУИ, побаравме од Министерството во буџетот за 2018 година да не ставиме средства за реновирање на болницата туку за средства за изработка на техничка документација за нова болница“, рече Рамиз Мерко (мин. 7.33-8.55).

Во интервјуто Мерко меѓу другото презентираше нова опција и тврди дека во рок од 2 години ветувањето ќе се реализира. За да не се оптоварува Општината со финансии или со државата, Мерко предлага сегашната локација на болницата да се даде на инвеститор и со средствата обезбедени од инвеститорот да се изгради нова болница на друга локација во градот.

И по 4 години нема промена и нема иницијатива за промена на состојбата на оваа болница. Од нашата теренска инспекција забележавме дека единствените промени во струшката болница се: формирање на модуларна болница за пациенти со КОВИД19, средување на патеките што ги поврзуваат болничките одделенија и уредување на паркингот на болницата, каде по реновирањето раѓаните плаќаат за паркирање.

Инаку, покрај мизерните услови за лекување на пациентите, болницата во Струга се соочува и со недостаток на стручен медицински персонал.

Албанскиот премиер ја изненади италијанската премиерка Мелони со шал и роденденска песна

Албанскиот премиер Еди Рама ѝ подари шал на италијанската премиерка Џорџиа Мелони, и ја изненади со роденденска песна за нејзиниот 48-ми роденден, пренесува Ројтерс. Рама, кој е многу повисок од Мелони, се...

(ВИДЕО) Автомобил удри студентка на блокадите во Белград, возачот е осомничен за тешко убиство во обид

Дваесетгодишна девојка добила тешки повреди откако во неа удрил автомобил за време на студентските блокади на улицата „Рузвелтова“ во Белград, Србија, објави Н1, повикувајќи се на извори од белградската служба за...

Деветгодишно дете од Свети Николе почина на Детската клиника, било донесено во тешка здравствена состојба

Од детската клиника во Скопје потврдија дека во вторникот кај нив било донесено деветгодишното дете од Свети Николе, кое починало по неполни два часа. Како што информираат оттаму, детето било донесено во...

Компанијата Нинтендо ја најави конзолата „Switch 2“ која ќе пристигне оваа година

Денот конечно пристигна, бидејќи Nintendo официјално го најави излегувањето на Nintendo Switch 2, најлошо чуваната тајна во видео игрите, пренесува Инсајдер Гејминг. Во кратко двоиминутно видео на интернет, Nintendo потврди целосен дизајн...

Албанскиот премиер ја изненади италијанската премиерка Мелони со шал и роденденска песна

Албанскиот премиер Еди Рама ѝ подари шал на италијанската премиерка Џорџиа Мелони, и ја изненади со роденденска песна за нејзиниот 48-ми роденден, пренесува Ројтерс. Рама, кој е многу повисок од...