fbpx

Порталб.мк ја одбележа десетгодишнината од основањето [видео+фото]

-

По повод 10-годишнината од основањето на Порталб.мк, Редакцијата одржа панел дискусија на тема „Визијата за Северна Македонија“, на која присуствуваа претставници на граѓански организации, извршната власт, локалната власт, професори и студенти.

Главната и одговорна уредничка на Порталб.мк, Елида Зулбеари, истакна дека на 6 април 2012 година започна новинарското патешествие на Порталб, при што, тогаш имаше многу малку онлајн медиуми кои создаваа изворни вести за Албанците од Северна Македонија. Според неа, јасна беше потребата од информативен портал кој ќе биде бесплатен, но независен и што нема да биде подложен на влијанија од различни политички агенди и како таков ќе ја задоволи потребата на албанските граѓани во Македонија, но и на оние ширум светот да бидат соодветно информирани и на време.

Фото: Емир Хамзаи

„Денеска славиме 10-години од основањето на медиум кој стана моќна институција за слобода на говорот во Северна Македонија. Новинарството не е само професија туку мисија. Мисија и секојдневна борба за правда, борба против негативни појави, криминал и корупција, против дискриминација по која било основа. Постојана критичка опозиција, без разлика кој е на власт, која постојано ги следи и критикува погрешните политики кои се на штета на граѓаните и која се бори за расветлување на вистината, секогаш во одбрана на јавниот интерес. Фондацијата Метаморфозис ја има главната заслуга што денес работиме слободно и без никаков притисок во нашата новинарска работа. Бескрајно сум благодарна за довербата и поддршката што ни е дадена. Во најтешките моменти и во секое време, кај Метаморфозис и неговиот тим наидовме на разбирање и поддршка, како финансиска така и професионална“, рече Зилбеари, заблагодарувајќи се на Фондацијата Метаморфозис, како основач на Порталб.

Во текот на панел дискусијата, сите говорници ја истакнаа важната улога и влијанието на Порталб во општеството и потребата од вакви медиуми во земјата.

Колумнистката на Порталб, Беса Арифи, пак, рече дека денес најголемиот предизвик е ширењето лажни вести. На овој начин, истакна таа, демократиите стануваат контролирани, што им помага на авторитарните личности преку искористување на институциите.

„Она што претставува предизвик за медиумите годинава се лажните вести. Мислам во овој поглед, слободата на говорот, слободното и демократско дејствување е суштината. За нас е важен процесот на проверка на вестите и борбата против дезинформациите. Идеалната држава е утопија, но она што сакам да го кажам е дека има напредок. Моментите кога почнавме да пишуваме не беа лесни, не беше лесно да се соочиме со предрасудите, но тоа беше нешто што требаше да се направи“, изјави Арифи.

Фото: Порталб.мк

А пак, колумнистот Али Пајазити во својот говор рече дека Порталб се надминал себеси и не само што не е едноставен медиум, туку претставува и интелектуална и академска платформа.

„Во периодот од неколку години немам никакви корекции, никакви забелешки да ми се даваат упатства што да пишувам и како да пишувам, за разлика од другите медиуми кои цензурираат. Посакувам Порталб да го има и својот 20-ти, 30-ти јубилеј. Порталб ни овозможи да правиме ментална гимнастика, за кондиција, во текот на неделата да разговараме и да дебатираме со себе и со настаните, настаните што нè опкружуваат“, изјави Пајазити.

Од друга страна, Малинка Ристевска Јордановска – член на одборот на ЕПИ, изјави дека Порталб се осврнува на актуелните важни прашања, кои се во фокусот и во Европа.

„Потребна ни е отвореност, која ќе ни помогне да размислуваме отворено. Внатрешна отвореност и внатрешно и надворешно поврзување. Се разбира, мислам дека толку повеќе размислуваат за иднината „ориентација што ја гледам кај Порталб се актуелните прашања кои се во вниманието на Европа“, изјави Јордановска.

Колумнистот Салајдин Салихи најпрво се заблагодари на Порталб, и на главната уредничка Елида Зулбеари, и истакна дека дури и ако понекогаш не се согласувале околу некој став и мислење, „таа правеше сé ние да го кажеме нашето мислење“, без да биде цензурирано.

По колумнистите, гостите и панелистите го погледнаа видеото во кое беа сумирани некои од најважните моменти од 10-годишната работа на Порталб.

Потоа збор зедоа млади активисти и новинари кои порачаа дека Порталб е прозорец кој е тука за да ги отслика нивните проблеми и да најде решенија за нив.

Дорина Ајдини го започна својот говор изразувајќи благодарност на редакцијата на Порталб.

Фото: Порталб.мк

„Задоволство е да се биде дел од ваков професионален тим каде секојдневно учам сè повеќе и повеќе. Во иднина сакам да ја видам Северна Македонија со пофункционален систем каде луѓето се среќни“, рече Ајдини.

Фисник Џелили, истакна дека е среќен што е дел од еден прозорец на реалноста како Порталб, каде може да го даде својот придонес во овој голем мозаик каков што е Порталб.

„Порталб.мк низ годините докажа дека навистина е прозорец кон реалноста, медиум кој работи со сите новинарски стандарди. Порталб пред сé честопати има докажано дека со вистинско новинарство можеме да имаме промени во општеството, доколку огромното мнозинство го следи патот и начинот на кој работи Порталб, нашето општество би имало поголеми позитивни промени“, рече Џелили.

Студентот и активист Бленди Ходаи се потсети на лично искуство во текот на некој состанок, во рамки на конференција во Албанија, а во Македонија се случил настан, и на крај за да се добие доверлива и вистинска информација еден од присутните предложил да се прочита Порталб, истакнувајќи ја довербата на читателите кон овој медиум.

Ера Меметај, рече дека е на самите почетоци на новинарската професија, и областа што ја преокупира е феноменот на родовата еднаквост и дека во иднина сака жените да ги види по унапредена позиција во општеството.

Порталб доби многу честитки од претставници на граѓанските организации, извршната власт, локалната власт, професори и студенти.

Во неможност да присуствува на настанот, премиерот на државата, Димитар Ковачевски преку телеграма ѝ ја честиташе на редакцијата десетгодишнината. Во своето писмо, Ковачевски истакнал дека од 6 април 2012 година, македонскиот медиумски простор стана побогат за интернет медиум кои ги имплементира највисоките стандарди на професионалното новинарство.

Писмото на премиерот Димитар Ковачевски до Порталб

„Со доследна примена на основните принципи за развој на Вашата редакција како заедница на новинари, колумнисти и граѓански активисти, изградивте единствен идентитет препознаен од публиката, што е достојно за почит и пример за угледување и дека со максимално придржување кон уредувачката политика, заснована на етичко новинарство, со што се изгради кредибилитетот на брендот кој денес се препознава како Порталб.мк.

Се препознава како онлајн гласило посветено на професионализам, отвореност и определба за промоција на прогресивните демократски вредности на времето. Пренесувањето на вистинските информации е многу важно за постоењето и градењето на едно општество и затоа е важно да продолжите со вашата благородна работа.

Порталб.мк стана важен извор на информации во нашиот медиумски простор и токму затоа Ви посакувам да продолжите да ги поместувате границите со вашите успеси и да бидете место за информирање на многу други генерации“, напиша Ковачевски во честитката по повод десетгодишнината на Редакцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До обвинителството не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство, [email protected], не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, соопшти...