fbpx

Вистиномер: Не е точно дека двојно и тројно вакцинираните развиле СИДА

-

Не е точно дека канадските власти известиле дека тројно вакцинираните развиле СИДА, имале 5.1 пати поголема шанса да починат од ковид-19. Канадските власти не известиле ниту дека двојно и тројно вакцинираните изгубиле 73 и 74 проценти од способноста на имунитетот. Тоа се произволно нафрлени податоци небазирани на реални факти, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук (во меѓувреме постот е тргнат), во кој се вели дека официјалните податоци на владата на Канада сугерираат дека тројно вакцинираните развиле СИДА и имаат 5,1 пати поголема веројатност да умрат од ковид-19, отколку невакцинираните. Понатаму во постот се додава дека двојно вакцинираните во Канада изгубиле 74 проценти од способноста на имунолошкиот систем, а тројно вакцинираните 73 проценти од способноста на имунолошкиот систем во споредба со природниот имунолошки систем на невакцинираните луѓе. Се додава и дека двојно вакцинираната популација има во просек 3,8 пати поголема веројатност да биде заразена со ковид-19 и 3,3 пати поголема веројатност да умре од ковид-19, отколку невакцинираната популација. Исто така, се тврди дека тројно вакцинираните во просек имале 3,7 пати поголеми шанси да бидат заразени со ковид- 19 но 5,1 пати поголема веројатност да умрат од ковид-19, отколку невакцинираната популација.

Затоа, овие бројки сугерираат дека и двојното и тројно вакцинираното население во Канада сега имаа толку многу штета предизвикана на нивниот имунолошки систем од инјекциите „Ковид-19“ што сега развиле АИДС (сида), се заклучува во постот кој го рецензираме.

Во склоп на постот објавена е статија од странски веб-сајт.

Во неа е презентиран и Извештај од официјалните здравствени власти на Канада од кој се извлечени наводните заклучоци. Во делот за случаи по вакцинација, од овој Извештај (Cases following vaccination) се вели дека иако вакцините против ковид-19 се високоефективни во спречувањето на сериозни исходи од болеста, сепак процент од населението кое е вакцинирано може да се зарази со ковид-19 ако се изложени на вирусот. Ова значи дека дури и со висока вакцинална ефективност, процент од вакцинираните луѓе ќе се разболат од ковид, некои може дури и да бидат хоспитализирани и да починат. Во овој дел од Извештајот,  исто така, се вели дека е возможно човек да се зарази непосредно пред или по вакцинацијата и да развие болест, зашто вакцината немала време да создаде заштита односно антитела.

Со оглед на тоа што повеќето Канаѓани сега се вакцинирани, бројките ќе бидат повисоки меѓу вакцинираните отколку меѓу невакцинираните. Но, ризикот во вакцинираната популација е помал, и покрај зголемениот број на случаи, пишува во извештајот во делот Cases following vaccination.

Наспроти неточното тврдење во постот што го рецензираме, вакцинираните немаат развиено СИДА.

Единствениот причинител на СИДА е ХИВ вирусот. Ова е зашто репликацијата на ХИВ го уништува имунолошкиот систем. Затоа ХИВ инфицираните лица добиваат антивирална терапија, за да се спречи да добијат СИДА,вели професорот по микробиологија и имунологија на Универзитетот во Мичиген, Мајкл Империал.

Доктор Дејвид Вол, експерт по инфективни болести,ј специјализиран за истражување на ХИВ на Универзитетот Северна Каролина Чапел Хил, вели дека нема шанса ковид вакцината да предизвика ХИВ инфекција или СИДА.

Нема докази во поткрепа на тврдењата дека вакцините против ковид-19 го ослабуваат имунолошкиот систем, го зголемуваат ризикот од ХИВ инфекција. Ваквата дезинформација е разобличена од страна на повеќе странски проверувачи на факти (тука, тука, тука , тука).

Не е точно дека канадските власти известиле дека тројно вакцинираните развиле СИДА, имале 5.1 пати поголема шанса да починат. Канадските власти не известиле ниту дека двојно и тројно вакцинираните изгубиле 73 и 74 проценти од способноста на имунитетот. Тоа се произволно нафрлени податоци небазирани на реални факти.

 

Во самиот Извештај на канадските власти, кој се цитира во постот, претставени се табели што ја покажуваат дистрибуцијата на ковид случаи според вакцинален статус до 6 март 2022 година. Најголемиот дел од нив се невакцинирани.

Во делот од Извештајот за сериозни исходи според вакцинален статус, се гледа дека до 6 март 2022 година, невакцинираните сочинувале 48,9 проценти од случаите, 62,4 проценти од хоспитализациите и 62,6 проценти од смртните случаи. Целосно вакцинираните сочинувале 35,2 проценти од случаите, 19,6 проценти од хоспитализациите и 16,7 проценти од смртните случаи. Тројно вакцинираните сочинувале 8,4 проценти од случаите, 8,2 проценти од хоспитализациите и 9,6 проценти од смртните случаи.

Во Извештајот што се цитира се тврди дека целосно вакцинираните и тројно вакцинираните кои добиле ковид-19 биле значајно заштитени од тежок исход на болеста.

Од 7 февруари 2022 година до 6 март 2022 година, споредено со целосно вакцинираните, невакцинираните имале четирипати поголема шанса да бидат хоспитализирани и шестпати поголема шанса да починат како резултат од нивната болест,

Споредено со тројно вакцинираните, невакцинираните луѓе имале 10 пати поголеми шанси да бидат хоспитализирани и 16 пати поголеми шанси да починат како резултат на нивната болест, за време на период од 4 недели, пишува во Извештајот од Канада. 

Од претходната табела се гледа дека 62,4 проценти од тие што биле хоспитализирани не биле вакцинирани, како и дека 62,6 проценти од тие што починале не биле вакцинирани. Од хоспитализираните, целосно вакцинирани биле 19,6 проценти. Од починатите, 16,7 проценти биле целосно вакцинирани. Од хоспитализираните 8,2 проценти биле вакцинирани со три дози, а 9,6 проценти починале од тие што примиле три дози.

Овие бројки во Извештајот на канадските здравствени власти го сугерираат токму спротивното, дека вакцината штити од тежок исход од болеста и штити од хоспитализација, токму како што се откри и се тврдеше во клиничките тестирања на сите вакцини кога се испитуваше нивната ефективност и ефикасност.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека двојно и тројно вакцинираните добиваат СИДА, ниту пак, дека нивниот ризик за хоспитализација и смртност е повисок отколку на невакцинираните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...