По седми пат ќе се гејма во рамки на Првата македонска е-спорт лига во CS:GO

Македонската е-спорт федерација, по седми пат, организира Прва македонска е-спорт лига во CS:GO, која што во регуларниот дел на лигата се состои од седум кола и официјално ќе започне на 9-ти април 2022 година.

Како што информираат од Македонската е-спорт федерација, тимот кој ќе победи ќе ја претставува земјата на претстојното Европско и Светско првенство.

„Четири тимови од отворените квалификации и четири повикани тимови ќе бидат распоредени во една група. Македонската е-спорт федерација, оваа недела, ќе ги објави комплетните состави на тимовите кои ќе се натпреваруваат. Од нив, најдобрите четири ќе учествуваат на завршниот дел од лигата, односно плејоф-от кој ќе биде одигран ЛАН во Јуни 2022“, информираат од Федерацијата.

Годинава на отворените квалификации во CS:GO се натпреваруваа повеќе од 160 играчи.

Пренос со коментар на натпреварите ќе се врши на каналот на Македонската е-спорт федерација на Твич (https://twitch.tv/mesf_tv).