Поради трагедијата во тетовската ковид болница, емисијата за млади „Шорткат“ денеска нема да се емитува

Во знак на почит кон жртвите кои ги изгубија своите животи во вчерашниот пожар што се случи во тетовската модуларна ковид болница, а во согласност со прогласениот ден на жалост од страна на Владата на РСМ, редакцијата на „Мета“ одлучи да го откаже емитувањето на новата епизода на емисијата за млади „Шорткат“, која што вообичаено се емитува секој четврток од 19 часот.

Редакцијата на „Мета“ изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите лица во вчерашниот пожар.

Гледачите ги информираме дека новата епизода на емисијата за млади „Шорткат“ ќе се емитува во вообичаениот термин, наредниот четврток од 19 часот.