fbpx

Поради короната утре седница на Советот на Скопје под ведро небо

-

Советот на Град Скопје утре ќе одржи една редовна и една вонредна седница на паркингот пред бараките на Град Скопје наместо вообичената локација – салата за седници на Град Скопје. Според материјалот кој беше испратен од службата за информирање на Градот, градските советници ќе се состанат на отворено, со почеток во 10 часот.

На дневен ред на седницата на отворено, Советот на Град Скопје ќе се најдат повеќе точки кои се однесуваат на финансиското работење на Градот во минатата година – Годишниот извештај на Град Скопје за 2019 година, предлог- Годишната сметка на Градот како и на градските јавни претпријатија, а исто така и извештаите за финансиското работење на средните училишта кои се во надлежност на градската локална асамоуправа.

Освен тоа, на дневниот ред на редовната 50-та седница треба да се најде и предлог одлуката за прогласување на заштитениот локалитет на парк-шумата Водно за заштитен предел.

На дневниот ред на вонредната, шеста по ред седница на градскиот Совет треба да се разгледуваат повеќе предлог одлуки – за меѓуопштинска соработка со општина Карпош за чистење и уредување на потегот од улица Љубљанска до мостот Газела и помеѓу булеварот Илинден и коритото на Вардар, предлог програма за уредување на фасади и надградба и доградба на објекти на подрачјето на Град Скопје, како и разгледување и усвојување на извештааите од работата на јавните установи под капа на Градот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...