fbpx

Попоски апелира на поголема координација и комуникација меѓу земјите од бегалската рута

-

Земјите од балканската бегалска рута не треба да преземаат еднострани мерки, туку тие да се вршат во координација со другите земји, порачал шефот на македонската дипломатија на средбата со колегите од Западен Балкан и со американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд, на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

Попоски истакнал дека е значајно да се одржат добрите односи со соседите и оти сите треба да си ги завршат задачите на своја територија, особено земјите низ кои поминува бегалската рута.

Министерот, исто така, рекол дека со отворена комуникација и со координација полесно ќе можеме да се справиме со бегалската криза и оти само на тој начин ќе може да се зачува стабилноста на земјите што се наоѓаат на рутата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...