Циклонот Силвија го зафати Скопје со пороен дожд, ветер и град. Поројниот дожд што попладнево паѓаше дваесетина минути целосно го поплави подвозникот под Јужен булевар, кој е на главната сообраќајница кон населбата Црниче и сообраќајот е оневозможен.
На терен интервенираат скопските пожарникари.
Од УХМР велат дека дув ло ветер со брзина од 65 километри на час. Невремето засега е ограничено само на скопскиот регион.