Фондацијата Метаморфозис заедно со ISC Project овој месец организираат два вебинари кои опфаќаат теми за кои сметаме дека се од исклучително значење на невладините организации кои имаат медиумски проекти како и на самите медиуми, а се од доменот на дигитална безбедност.

Деталите за вебинарите може да ги погледнете подоле. Доколку сте заинтересирани, пријавете се на следниот линк*: https://forms.gle/Es9GAjrcPQJFH5rC9

одатоците се прибираат само за вебинарите и нема да бидат искористени во маркетиншки или други цели. Податоците ќе бидат избришани по одржување на вебинарите.

Заштита на приватноста и медиумите / 06.08. (четврток) / 13:30ч / Времетраење 45мин – 1час

Ќе биде опфатен стандардот GDPR (General Data Protection Regulation) и новиот Закон за заштита на личните податоци. обврските и можните казни кои произлегуваат од него а се посебно важни за медиумите но и за граѓаните. Вебинарот ќе се осврне и на прашањето за воспоставување на баланс помеѓу приватниот и јавниот интерес како клучен механизам за почитување на приватноста на лицата за кои се известува во медиумите.

Предавач е Елена Стојановска

Магистер по комуникации со долгогодишно искуство во областа на заштитата на приватноста. Во периодот од 2005 до 2014 година работи како советник за меѓународна соработка и за односи со јавноста во Дирекцијата за заштита на личните податоци, а оттогаш наваму како аналитичар и истражувач во областа на заштитата на личните податоци. Покрај правото на приватност во нејзиното поле на интерес се и медиумската регулатива и информациско – комуникациските теории. Од 2016 година е дел од тимот на Фондација Метаморфозис како координатор на грантови на проектот на УСАИД за граѓанско учество. Покрај тоа, активно придонесува во проектите кои се тесно поврзани со заштитата на приватноста како човеково право.

Управување со cybersecurity инциденти – Бидејќи инцидентите не се решаваат сами! / 12.08 (среда) / 13:30ч / Времетраење 45мин – 1час

Во време во кое буквално секоја седмица слушаме за нов несакан настан од доменот на cybersecurity организациите треба да се подготвуваат за соодветна реакција. Работилницата ќе има интерактивен формат – слушателите се учесници во инцидентот и ќе треба да се справат со настанот! 

Предавач е Божидар Спировски

Работи повеќе од 20 години во повеќе индустрии како инженер, раководител на технички тимови и раководител на тимови на информативна сигурност. Моментално работи како Chief Information Security Officer во компанијата H4 и се фокусира на развој на успешен и интегриран information security тим кој ѝ помага на организацијата да управува со безбедноста на информациите. Претходното искуство вклучува седум години во Македонски Телеком, преку десет години во НЛБ банка како Chief Information Security Officer и раководител на ИТ Операции и една година во ЕВН Македонија како Chief Information Security Officer.

Основач и ментор на BeyondMachines програмата за менторство на млади инженери.
Учесник на повеќе регионални конференции како гостин предавач (INFOSEK Slovenia, Microsoft Vizija и други).  Иницијатор и еден од организаторите на cybersecurity настанот и предизвик Swiss Chese 2019. Во периодот од 2008 до 2012 го води блогот “Information Security Short Тakes”.