fbpx

Поддршката за Украина e инвестиција во иднината на една голема и храбра нација

Денеска се одржа конференција посветена на одбележувањето од почетокот на руската агресија врз Украина со наслов „Украина - Две години хероизам“, во организација на украинската амбасада и ЦИВИЛ медиа

-

Поддршката за Украина не е трошок, туку инвестиција во иднината на една голема и храбра нација, но и инвестиција во нашата сопствена безбедност, стабилност и мир. Војната е момент на пресвртница во историјата, и претставува доказ дека немаме време, ниту можности за колебање, како во поглед на евроатлантските интеграции, така и во поглед на целосната поддршка на украинската нација во нејзините стремежи за слобода, сувереност и независност.

Oва денеска го истакна првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, кој учествуваше на конференцијата посветена на одбележувањето од почетокот на руската агресија врз Украина со наслов „Украина – Две години хероизам“ во организација на украинската амбасада и ЦИВИЛ медиа. На конференцијата свои обраќања имаше целиот државен врв на Северна Македонија, амбасадорката на Република Украина, како и бројни претставници на дипломатскиот кор од државата.

Маричиќ ја истакна поддршката на Северна Македонија, и на македонската нација кон Украина, која од првиот ден, застанува заедно со украинската нација и со сите други сојузници во НАТО и во ЕУ, во борбата против агресијата, воените злосторства и непочитувањето на меѓународното право.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи рече дека ја уверува Украина дека ќе продолжи поддршката на Македонија и во иднина.

„Ќе продолжиме да стоиме на страната на Украинците и да им ја даваме поддршката што им е неопходна за одбрана и обнова на нивната земја. Северна Македонија ја поддржува Украина како на политички, така и на оперативен план, и ќе продолжи да ѝ дава поддршка сè додека е потребно. Во оваа насока, би го споменал нашиот придонес во билатерални рамки, но и на меѓународно ниво”, истакна Османи.

Свое обраќање пред присутните имаше и претседателот Стево Пендаровски.

„За два дена од денес, во Тирана, ќе учествувам на самитот „Украина – Југоисточна Европа“, каде што заедно со моите колеги ќе се сретнеме со претседателот Зеленски, со цел да ја реафирмираме нашата јасна позиција за продолжување на помошта за Украина, поддршка за процесот на обнова на разрушените делови и за носење пред лицето на правдата на сите одговорни за ужасните злосторства со што ќе им дадеме барем малку утеха на најблиските на жртвите“, рече Пендаровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...