fbpx

По сондажата на „Павел Шатев“: Моноетничките анкети се точни, ама не се валидни

-

Најновата анкета на Институтот „Павел Шатев“ е направена без анкетирање на етнички Албанци бидејќи, како што објаснуваат од институтот, целата била да се дознаат перцепциите на граѓаните кои во најголем дел гласаат за двете најголеми партии во Република Македонија, односно за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, а етничите Албанци, генерално, гласаат за албански партии.

И во анкетата на „Брима Галуп“ направена за потребите на „Република“ и објавена на 10 февруари стоеше дека етничките Албанци во Република Македонија речиси стопроцентно гласаат за политичките партии во албанскиот политички кампус, па затоа објавените резултати од анкетата се однесуваат на мислењето на Македонците.

„Поаѓајќи од фактот што македонските гласачи на избори, во најголем процент својата поддршка ја даваат за ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, истражувањето генерално е насочено со прашања кои се однесуваат за овие две политички партии“, се вели во образложението зошто анкетата е моноетничка.

Експертите велат дека методолошки не е погрешно да се исклучи цела етничка заедница од анкетата доколку се знае дека нема да даде дополнителен резултат во истражувањето.

– Методолошки не е погрешно ако се исклучи одреден етнички блок, како, на пример, албанскиот, затоа што тие речиси целосно гласаат за албанските партии, а тоа може да се види и според резултатите од избори во типично албански заедници. Кај нас постојат етнички партии, за разлика од други етнички хомогени општества. Ако се вклучат во анкетите, нема да има ниту еден дополнителен резултат за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ – вели Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања.

Според аналитичарот Петар Арсовски, ваквите анкети можат да бидат валидни, но само за тие испитаници што биле опфатени во анкетата.

– Овие анкети можат да бидат точни, тоа не е спорно, но не се валидни на национално ниво. Особено во оваа анкета зашто не се знае ниту точниот број на анкетирани Македонци. Во контекст на тоа оди и податокот што како никогаш досега последните анкети покажуваат голема разлика помеѓу партиите и нивните први луѓе. Најдобра анкета, сепак, е таа што ќе има репрезентативен национален примерок – вели Арсовски.

Башким Бакиу, политикологот од Институтот за креирање политики и добро владење, вели дека вакви анкети се релевантни, но во овој случај се тенденциозни и се користат како тактика за односи со јавноста.

– Во овој случај може да се каже дека анкетата е тенденциозна затоа што во ваква ситуација, кога има длабока политичка криза, има дел од Албанците кои би гласале и за македонска политичка партија, но не за ВМРО-ДПМНЕ, туку за СДСМ и би можеле да влијаат на добиениот процент за опозицијата. Исто така, мислам дека станува збор за тактика за односи со јавноста и за додворување на другите етнички заедници – вели Бакиу.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...