Пет партии ќе влезат во новиот парламент на Бугарија, ПП-ДБ и ГЕРБ во тесна трка

-

Според две истражувања на јавното мислење, објавени вчера и денеска, во новиот состав на бугарскиот парламент ќе влезат пет политички партии, пренесува Бугарското национално радио (БНР).

Во поглед на популарноста, пак, двете анкети на првото место од петте партии ставаат различни коалиции.

Според анкетата на „Алфа Рисерч“, веројатно најетаблираната социолошка агенција во Бугарија, победници на парламентарните избори следниот месец би биле коалицијата „Продолжуваме со промената“ (ПП) и „Демократска Бугарија“ (ДБ), која беше доминантниот партнер во последната политичка влада на Бугарија, предводена од Кирил Петков. Според анкетата, 26,4 отсто од гласачите се определиле за неа.

Илустрација: Алфа Рисерч

Во друга пак, анкета објавена денеска, а спроведена од „Сова Харис“, предност има коалицијата ГЕРБ-СДС на поранешниот премиер Бојко Борисов, со 27,4 отсто доверба. Во оваа анкета, за ПП-ДБ се вели дека има 25,7 отсто доверба.

Вчера објавената анкета на „Алфа Рисерч“, пак, ГЕРБ-СДС ги смести на второто место, а по нив се Движењето за права и слободи (ДПС) и националистичката „В’зраждане“ (Преродба) на Костадин Костадинов, кој заедно со Ангел Џамбаски настапи со навреди во Скопје на панихидата на Мара Бунева и беше еден од главните заговорници за масовно доаѓање на илјадници Бугари во Скопје за одбележување на јубилејот на Гоце Делчев.

На петтото место на листата партии за коишто и двете анкети прогнозираат дека ќе влезат во новиот бугарски парламент е Бугарската социјалистичка партија (БСП).

Во поглед на ПП-ДБ, според Алфа Рисерч, оваа коалиција може да ги подобри шансите за победа на изборите на 2 април, ако успеат да привлечат помлади гласачи и гласачи што не толку активно ги следат политичките случувања, коишто вообичаено одлука за кого ќе гласаат носат во последните денови пред изборите.

Партијата „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов, која беше коалициски партнер во последната политичка влада и беше причината за нејзиниот распад е далеку од шансите да влезе во новиот состав на парламентот, оти има само 3,2 отсто доверба, што е 0,8 проценти под прагот за влез во парламентот.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...