fbpx

Пендаровски: Предложив да се забрани влез во земјава на европратеник и други лица од Бугарија

-

Претседателот Стево Пендаровски по вчерашната, 18. седница на Советот за безбедност, која се одржала во проширен состав, соопшти дека предложил
да се забрани влезот на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и уште неколкумина бугарски националисти кои најавија дека ќе дојдат во земјава за да го одбележат роденденот на Гоце Делчев.

Седницата на Советот уследи по испадот на Џамбаски на панихидата на Мара Бунева и инцидентот со претепувањето на секретарот на Бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

„Знаете дека Советот за безбедност е советодавно тело на претседателот, кое не одлучува, туку дава предлози до Собранието и Владата. Мој предлог до Владата кој го изнесов и на седницата, е согласно одредбите на Законот за странци да му забранат влез во нашата земја на еден пратеник од Бугарија во Европскиот Парламент и на неколку други лица, државјани на Бугарија, заради дејствијата кои порано ги преземале и сѐ уште ги преземаат против нашата држава“, изјави претседателот Пендаровски.

Тој појасни дека законските услови за изрекување на таква мерка се: закана за јавниот поредок, закана за националната безбедност, или закана за меѓународните односи на Република Северна Македонија.

„Тоа во принцип значи, конкретно, ако таквите лица се надвор од земјата, да не им биде дозволен влез, а, ако се веќе внатре, да им биде откажан престојот и да бидат прогласени за персона нон грата“, порача претседателот.

Покрај редовните членови на Советот, на покана од Пендаровски, на вчерашната седница присуствувале и директорот на Агенцијата за разузнавање, директорот на Агенцијата за национална безбедност и началникот на Генералштабот на Армијата.

На седницата се разговарало и за претседавањето со ОБСЕ, ситуацијата во Украина и ситуацијата на северот на Косово, но сепак, според изнесеното од претседателот, главна тема сепак била ситуацијата со претепаниот Христијан Пендиков и електризирањето на односите меѓу двете земји.

„Посебен фокус на седницата имавме врз најновиот развој на настаните во односите со Бугарија. Поводот не беше само немилиот настан во Охрид затоа што тоа е само мало делче од целиот мозаик. На таа тема реферираа директорите на службите, а потоа во дискусијата се вклучија и останатите членови на Советот“, објасни Пендаровски.

Тој вели дека според достапните анализи и сознанија на надлежните органи, се работи за организирани активности од страна на структури во соседна Бугарија кои се активирани, особено по усвојувањето на европската преговарачка рамка во јули мината година.

„Истите овие структури се веќе мобилизирани, и логистички и финансиски, за да го поддржат организираното доаѓање во Скопје на повеќе лица на 4 февруари, кога го одбележуваме денот на раѓањето на Гоце Делчев“, реферира пред јавноста шефот на државата.

Пораката од Пендаровски е дека „на вакви организирани антидржавни кампањи кои ги спроведуваат политички партии и поединци, можеме да одговориме на два начина: првиот е, со културна дипломатска реторика, како и досега, и тој круг на провокации, кој често не останува само на зборови, туку предизвикува и насилство, сигурно нема да заврши, но ова ќе продолжиме да го правиме и понатаму. Второ, со мерки кои секоја сериозна и организирана држава ги презема во вакви ситуации“.

Тој се обрати и до институциите на Бугарија, порачувајќи политички да ги изолираат луѓето кои не сакаат добрососедски односи,

„Ние тоа го правиме и ќе го правиме кај нас. Македонија не ви е непријател, меѓутоа, оваа држава има закони, има достоинство и кога тие граници ќе бидат преминати, ние секогаш ќе реагираме за да се заштитиме. Предлагам, во наредниот период, далеку подобра координација меѓу надлежните институции од двете земји, со цел, да не дозволиме европската агенда и билатералните односи да станат жртва на анахрони националистички и популистички политики од двете страни“, е пораката од претседателот на Северна Македонија.

По седницата на Советот за безбедност, Владата соопшти дека премиерот Ковачевски ја споделил оценката со претседателот на државата, Пендаровски дека не смее да се дозволи, европската агенда, што е стратешка цел на нашата држава, како и билатералните односи со соседна Република Бугарија, да станат жртва на националистички и популистички политики, од која и да е страна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...