На 10-ти јануари големиот проект „Rise Of Women“ го отвори повикот за учество на млади уметнички во резиденцијална програма од областа на визуелните уметности во Задар, Хрватска. Резиденцијата ќе се одржи во периодот од 3-ти до 8-ми мај 2022 година.
Артистичката резиденцијална програма ќе обезбеди простор и услови за индивидуално и колективно креирање на уметнички дела и размена на знаење меѓу уметници и кураторки. По зваршувањето на програмата, уметниците ќе имаат можност да учествуваат во процесот на поставување на своите дела во виртуелна реалност со користење на VR технологија.
Сите создадени дела за време на програмата ќе бидат дел од планираната колективна изложба што ќе биде поставена во физичка и виртуелна реалност. Темата на творење е слободна, но како дел од програмата е и проектот „Подемот на жените во културата на Западен Балкан“, и името на планираната физичка и виртуелна поставка е „Подемот на жените“.
Проектот „Подемот на жените во културата на Западен Балкан“ го охрабрува женскиот агол на набљудување и реакција кон реалноста преку уметничка креација. Повеќе за овој проект може да се најде на адресата riseofwomen.net.
Програмата е предвидена да трае две недели. На неа може да се пријават млади уметници на возраст до 22 до 28 години. Сите поднесени аплиакции треба да се на англиски јазик и тоа најдоцна до 10 февруари.
Повеќе информации може да се пронајдат на следниот ЛИНК.
Проектот „Rise Of Women“ е од истражувачки карактер со цел да ја истакне важноста на жените во културната историја од минатото и сегашноста. Поддржан е од Европската Унија.