fbpx

Основачката на „Теранос“ заминува во затвор кон крајот на април

Елизабет Холмс беше препознавана како визонерка поради нејзиното ветување дека ќе го револуционизира тестирањето на крвта со технологија која може да изврши стотици тестови од само една капка крв

-

Елизабет Холмс заминува во затвор на 27 април, откако федералниот судија го одби барањето на основачката на „Теранос“ (Theranos) да остане на слобода. Холмс е осудена на повеќе од 11 години затвор за измама на инвеститорите во нејзиниот стартап за крвни тестови.

„Гардијан“ јавува дека судијата Едвард Давила во својата пресуда напишал оти Холмс, која во јануари минатата година беше осудена по четири точки од обвинението за измама и заговор поврзани со неуспешниот стартап за тестирање на крвта, нема веројатност да побегне или да претставува опасност за јавноста, но и дека нејзината жалба веројатно нема да резултира со поништување на пресудата или ново судење.

Обвинителите во случајот се обидоа да докажат дека Холмс планира да избега, откривајќи дека нејзиниот партнер ѝ купил билет во еден правец за Мексико додека судењето било во тек. Плановите за патување Давила ги нарече „непромислени“ и „храбар потег“, но судијата го прифати нејзиното тврдење дека не се обидува да побегне од земјата.

Елизабет Холмс еднаш беше опишувана како „следниот Стив Џобс“ и беше наречена намладиот милијардер во светот кој сам се стекнал со своето богатство, потсетува Би-би-си.

Откако се откажала од студиите на Универзитетот Стенфорд, Холмс беше препознавана како визонерка поради нејзиното ветување дека ќе го револуционизира тестирањето на крвта со технологија која може да изврши стотици тестови од само една капка крв.

Стартапот повлече стотици милиони долари инвестиции и достигна 9 милијарди долари пред да се распадне во 2018 година, кога истражување на Волстрит Журнал откри дека технологијата не функционира.

Неславниот пад на компанијата е опишан и во телевизиска документарна серија на „ХБО“.

Поранешниот деловен и романтичен партнер на Холмс, Сани Балвани, минатата година беше осуден на речиси 13 години затвор за измама.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...