fbpx

Oпштина Тетово плати 32.000 евра за чистење на коритото на реката Пена, а тоа сѐ уште е полно со отпад

-

На крајот од декември минатата година општина Тетово плати 32 илјади евра за чистење на коритото на реката Пена. Иако од општината рекоа дека чистењето на коритото во делот на Тетово e завршено, камерата на новинарот на Порталб.мк како и жителите на ромската населба, го докажуваат спротивното, пишува Порталб.мк.
Од општина Тетово потврдија дека работите за чистењето на делот на реката Пена во Тетово се завршени и информираа дека во април продолжуваат работите за чистење на реката Порој-Речица.
„Да, работите за чистењето на реката се завршени. Ќе се продолжи во текот на месец април и тоа за Порој -Речица“, изјавија од оваа Општина.
Веднаш по ова, новинарот на Порталб.мк посети еден од најзагадените делови покрај реката Пена, токму во ромската населба, за да потврди дали навистина е исчистена реката и делот околу неа.  Се докажаа дека ситуацијата е сѐ уште истата, каква што е видена пред огласувањето на тендерот за чистењето на реката, освен тоа што не беше прочистен, тој дел изгледаше дури и позагаден, со отпадоци од секаков вид.

Прашавме една жителка од оваа населба, која рече дека тој дел со години можеби и децении не е исчистен.
„Не, апсолутно не е исчистен сега. Има веќе десет години или повеќе, а тој дел не го исчистиле, има многу отпадоци“ рече таа.
Меѓутоа, за општина Тетово горенаведеното не е ништо повеќе од „заклучоци на новинарот на Порталб.мк“. Бидејќи, според нив, тој дел е исчистен, но и веднаш бил загаден.
„Ова е твој заклучок. Им реков и на другите новинари дека секогаш откако ќе го исчистиме местото, за една недела станува исто. Тоа им е бизнис: пластика, бакар, алуминиум, шишиња и картони. Таму ги селектираат и ги горат и потоа ги продаваат. Овој феномен не е само од денес, туку е со години“, рече портпаролот на општина Тетово.
Меѓутоа, иако ова место постојано се загадува од жителите на оваа населба, од Општината и од Инспекторатот за животна средина сѐ уште не се појавиле со стратегија за оваа проблематика, бидејќи и самите општински власти потврдуваат дека таму се горат отпадоци, спротивно на законот.
Инаку, неколку месеци порано од Општината потпишале договор од 2 милиониа денари за една фирма од село Порој, за прочистување на речното корито на Пена и на реките во Голема Речица и Мала Речица како и на реката Порој.
Порталб.мк постојано информираше за оваа депонија, поради тоа што експертите од оваа област често пати изјавувале дека ваквите дeпонии се реална закана за ширење на разни епидемии, а ниту една институција, локална или централна, нема преземено мерки за решавање на оваа проблематика, барем не во градот Тетово.
Оваа депонија се наоѓа на 700 метри воздушна линија од општина Тетово, во неа има десетина жители и секој ден сѐ повеќе тие се загрозени од разни болести што може да ги добијат како последица на ваквата депонија.
Порталб.мк со години пишува за феноменот на неоткривање на вршителите што ги горат отпадоците во Тетово и кои создаваат депонии како оваа. Бројот на лицата кои се задолжени да ги најдат и санкционираат овие прекршители е 4, бројка што е исклучително мала за еден град со околу 70.000 жители.
Некои од случаите за кои прекршителите остануваат неоткриени како последица не неспособноста на еколошкиот инспекторат се: палење на депонијата на Тетово; палење на отпад во населбата „Блок 70“ и „Дарданија“ ; палење на отпад во Ромската населба, како и многу други палења на отпади кои граѓаните постојано ги пријавуваат во E-report, затоа што бројот на веб-страната на општината (0800-55-043) за пријавување на овие случаи, не е во функција.
Инаку, иако декларативно, надлежните постојано ги обвинуваат граѓаните за создавањето на овие депонии, тие никогаш не презеле никаква казнена или превентивна мерка за тие да не се случуваат повеќе. Дури за една цела година Инспекторатот за животна средина на Тетово изрекол само 15 казни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...