fbpx

Општина Охрид ќе сече цел дрворед во центарот за да проширува улица, граѓаните на протест

-

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ денеска протестираше пред општинската зграда во Охрид поради сечењето на еден од главните дрвореди во центарот на градот за да се гради новиот булевар „Македонски просветители“. Ќе се сечат вкупно 62 дрвја.

„Ние сме никој и ништо, но ние сме сите, сите вие, сите ние. Доста се сечеа дрвјата во нашиот град, тие припаѓаат на нашите деца, тие треба да одлучуваат за нив, не се наши, не се на државните институции“, велат од „Охрид СОС“.

Станува збор за 49 липи и 13 костени кои ќе се сечат, бидејќи од општина Охрид осознале дека се дрвја со надмината физиолошка и биолошка возраст. Овие дрвја го формираа еден од најпознатите дрвореди во центарот на Охрид, којшто почнува од кружниот тек на булеварот „Туристичка“ до паркингот кај охридското пристаниште.

Новиот охридски градоначалник Кирил Пецаков пред два дена го потпишал решението за сечење на дрвјата за да се гради булеварско решение на досегашната улица. Општина Охрид на 21 ноември организираше и промоција на проектот, на којшто присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Мицкоски тогаш порача дека промените во Охрид започнуваат со многу проекти и сериозна динамика во реализацијата на активностите.

Покрај за реконструкција на постојната улица, 62-те дрвја се сечат и за изградба на паркирање, како и за две велосипедски и пешачки патеки. Во проектот Општина Охрид ќе инвестира околу 38 милиони денари.

Инаку, од „Охрид СОС“ побараа јавно да се соопштат имињата на експертите коишто извршиле дијагноза на заболувања на дрвјата, и се прашуваат како е можно сите 62 дрвја да се заболени.

Од неформалната еколошка иницијатива „Чист Охрид“ одбиваат да веруваат дека целиот дрворед треба да се сече и затоа бараат документацијата и решението да бидат предадени на увид на јавноста.

„Јавноста вчера бурно, но и со право реагираше за планот за отстранување на дрворедот кој е еден од малкуте во градот кои нудат сенка и се на еден начин бели дробови на урбаното градско подрачје“, велат од „Чист Охрид“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...