Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.708 тестирања, а регистрирани се 473 нови случаи на ковид-19 во земјава, при што најголем број од нив се од Скопје – 246, Битола – 41 и Кавадарци – 23. Во моментов бројот на активни случаи со ковид-19 изнесува 8.289.

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 14 починати лица: 3 починати лица од Скопје (68г, 84г и 84г), по 2 починати лица од Куманово (66г и 70г) и Битола (77г и 79г) и по едно починато лице од Тетово (69г), Велес (89г), Кавадарци (79г), Крива Паланка (76г), Пехчево (93г), Ресен (76г) и Демир Хисар (82г).

Дополнително, пријавени се 4 починати лица на возраст од 75 до 89 години со датум на смрт од 09.11.2021 до 22.11.2021 година, од кои двајца од Македонска Каменица и по едно од Битола и Кочани. Со ова, вкупниот број на починати лица од ковид-19 во земјава се искачи на 7.492.

Денеска се регистрирани сe 505 оздравени пациенти, со што бројот на оздравени лица од ковид-19 изнесува 197.998.