fbpx

Опозицијата ја напушти работата на Советот на Општина Прилеп

-

Денеска советничката група на СДСМ, заедно со советниците од коалиционите партнери, ја напушти работата на Советот на Општина Прилеп. Расправата за осмата до дванаесетта точка од дневниот ред, каде се дискутирало за избор на Општински штаб на локалната самоуправа во Прилеп, е причината за опозициските советници да ја напуштат работата на Советот. Тие велат дека им била ускратена можноста директно или индиректно да учествуваат во организацијата, т.е. во оформувањето на сите членови на штабот на локалната самоуправа.

– Да потсетам, вчера на комисијата за избор и за именување, добивме допис од претседавачот на Советот, Никола Димески, за именување на Општинскиот штаб за заштита и спасување при локалната самоуправа на општина Прилеп, комплет список за сите комисии, само со членови од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, немаше ниту еден член од опозицијата, немаше ниту еден граѓанин, професионалец во својата работа. Едноставно, немавме можност ниту да предложиме наш или друг член во овие комисии – изјави Илија Јованоски.

Од тие причини советниците од редовите на опозицијата одбиваат да учествуваат во расправи, во кои, како што велат, немаат ни можност да предложат ниту еден член затоа што тоа право им е ускратено од претседавачот на Советот, кој, според нив, сам, по своја желба, одредува членови на сите комисии, без координација со опозицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.