fbpx

ОН: Земјите во развој најмногу инвестираат во обновливи извори на енергија

-

Инвестициите во обновливи извори на енергија достигнаа рекордни 286 милијарди долари во 2015 година, од кои повеќе од половината од вложувањата првпат се од земјите во развој, според објавениот извештај на Обединетите нации (ОН).

Светот инвестирал преку 2.300 милијарди долари во обновливи извори на енергија од 2004 година, кога вредноста на вкупните инвестиции изнесувала помалку од 50 милијарди долари.

– Обновливите извори на енергија стануваат сè поважни за начинот на живот кој го карактеризира ниска емисија на јаглерод диоксид. Важно е што првпат во 2015 година вложувањето во обновливи извори на енергија било поголемо во земјите во развој отколку во развиените земји – изјави шефот на ОН за заштита на животна средина и коавтор на овој извештај, Аким Штајнер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...