fbpx

Оланд: На дневен ред е иднината на планетата

-

Францускиот претседател Франсоа Оланд порача дека „самиот живот“ е на дневниот ред на меѓународниот самит посветен на климатските промени во Париз, изразувајќи увереност дека на крајот на конференцијата ќе биде постигнат универзален и принуден договор за намалување на глобалното загревање.

– Овој самит се однесува на иднината на планетата, иднината на животот – рече Оланд на отворањето на Самитот, притоа потсетувајќи дека пред само две недели група фанатици посеале смрт на улиците на француската престолнина.
Тој нагласи дека борбата против тероризмот и борбата против глобалното затоплување се двата големи предизвици на нашата епоха.

– Годината која е зад нас беше година на сите рекорди – рекордни температури, концентрација на јаглерод диоксид, екстремни климатски настани, како што се суши, топење на мразот и зголемување на нивото на морето – потсети Оланд.

Францускиот претседател истакна дека жртвите на овие појави се бројат во милиони и оти ниту еден регион не е заштитен од климатското затоплување. Тој потсети дека најсиромашните земји, кои се најранливи, се и најпогодени и додаде дека во име на правдата треба да се дејствува и оти треба да станеме свесни за заканата за светската рамнотежа.
Оланд рече дека 190 земји веќе го формулирале акциониот план за намалување на гасовите со ефект на стаклена градина и изрази уверување дека самитот, кој трае до 11 декември, ќе заврши со постигнување договор.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, ги повика лидерите да ја забрзаат акцијата против опасниот пораст на температурата на планетата.

Тој рече дека ветувањата на 180 држави за намалување на емисиите на јаглерод диоксид се добар почеток, но дека тоа не е доволно за глобалното загревање да се задржи на ниво од 2 Целзиусови степени.

– Париз мора да биде одлучна пресвртница. Потребно е да се дејствува многу побрзо ако сакаме да го ограничиме порастот на глобалната температура на помалку од 2 Целзиусови степени – рече генералниот секретар на ОН.

Американскиот претседател, Барак Обама, истакна дека без агресивна акција за намалување на емисијата на штетни гласови, иднината нема да биде светла. Тој опиша иднина во која гледа потопени држави, напуштени градови и пусти ораници и укажа дека климатските промени ќе ги натераат очајните луѓе да побараат заштита надвор од своите земји.

Обама рече дека и неговата земја презема одговорност како втор најголем светски емитувач на јаглерод диоксид и оти ќе придонесе во решавањето на проблемот со климатските промени. Тој нагласи дека ниту една земја нема да биде имуна на климатските промени, без разлика колку е богата или сиромашна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...