fbpx

Оланд: Франција пред испит

-

Францускиот претседател Франсоа Оланд порача дека неговата земја, по терористичкиот напад на сатиричниот неделен магазин „Шарли ебдо“, се наоѓа пред испит и ја повика земјата на единство.

Оланд, во обраќањето во Министерството за внатрешни работи, рече дека земјата е во шок од несфатливиот терористички акт, додавајќи дека акцијата за апсење на осомничените е во тек.

Според Оланд, земјата се нашла пред испит кога е нападнат медиум – симбол на слободата и кога се убиени полицајци кои ја претставуваат државата.

– Мораме да направиме сè за да ги заштитиме нашите граѓани – нагласи францускиот претседател, додавајќи дека постои опасност од нови напади.

Францускиот претседател ги повика граѓаните на национално единство и в недела попладне да излезат на „републикански марш“ за да им се одаде почит на жртвите на нападот.

– Сите граѓани можат да дојдат. Нема контрола, но безбедноста за време на манифестацијата мора да биде осигурана – рече Оланд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...