fbpx

Одложено извршувањето на затворската казна на Владо Бучковски

-

Врховниот суд го прифатил барањето за одложување на извршувањето на затворската казна на која е осуден поранешниот премиер Владо Бучковски во случајот „Тенковски делови“, објави „Канал 5“.

Според Врховниот суд, во моментот имало услови да се одложи издржувањето на казната сè додека не се одлучи по вонредното барање за преиспитување на пресудата, за што ќе бидат потребни неколку месеци, откако предметот бил вратен кај нив со мислење од Обвинителството пред Нова година.

Бучковски пред извесно време доби упатен акт за извршување на казната, по што побара одлагање за да може да ги заврши обврските на Правниот факултет. Неговото барање беше одбиено од судијата за извршување на санкции, а потоа и кривичниот совет на судот негативно се изјасни по жалбата на Бучковски.

Бучковски со првостепена пресуда беше осуден на три години затвор во случајот „Тенковски делови“, пресуда која Апелациониот суд ја преиначи и ја намали на две години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.