fbpx

Од полноќ, дизелот поевтин за половина денар, ЕУРОСУПЕР-98 поскап за половина денар

-

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ), од полноќ дизелот ќе биде незначително поевтин, исто како и Екстра-лесното масло за домаќинство, а ќе поскапи бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98.

Дизелот и екстралесното масло ќе бидат за половина денар поевтини отколку до денеска, и ќе се продаваат по цена од 103 денари за литар дизел, а екстралесното масло ќе чини 98,5 денари за литар.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува на досегашната цена – 89 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за половина денар и од полноќ ќе чини 91,5 денари за литар.

Поевтинува и мазутот, за 0,886 денари за килограм и од полноќ неговата цена ќе изнесува 51,034 денари за килограм.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...