Од ковид-19 низ земјава се лекуваат 687 пациенти, има 616 слободни кревети

Доктори и медицински персонал на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби | Фото: Арбнора Мемети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 687 и има околу 616 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, а бројката на лица сомнителни и потврдени за ковид-19 што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град изнесува 289. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Како што соопшти Министерството за здравство, во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника пет нови пациенти, а на Интерните клиники во текот на вчерашниот ден биле примени 4 нови пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 13 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 12 пациенти со симтоми на корона вирусот. Во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 12 пациенти, на Клиниката за очни болести 4 пациенти, а на ОРЛ 13 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 91 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 77 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 172 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Што се однесува до другите градови, во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 398 пациенти позитивен и суспектен на коронвирусот.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 36 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 31 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 59 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 49 во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 29 пациенти, во Кочани 8 во Кичево 15, Кавадарци 22, во Гевгелија 7 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.