fbpx

Обвинителот на Специјалниот суд за злосторства на ОВК во посета на Белград

-

Главниот обвинител на Специјалниот суд за злосторства на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Дејвид Швендимен, им ја пренесе на српските власти во Белград својата одлучност да го спроведе својот мандат без страв, независно и одговорно кон правдата.

Швендимен денеска и вчера се сретна со премиерот Александар Вучиќ и со други официјални претставници на Србија, од кои побара поддршка за отворање канцеларија на специјалниот обвинител во Белград и пристап до потребните документи и сведоци.

По разговорот, Вучиќ соопшти дека очекува Специјалниот суд „непристрасно и професионално да пристапи кон процесирање на одговорните за воените злосторства на Косово над Србите, но и припадниците на другите националности“.

Министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, укажа дека е многу важно да се заштитат потенцијалните сведоци, „имајќи го предвид видот на моќните лица кои можат да ги забават или да бидат пречка во спроведувањето на правдата“.

Пред посетата во Белград, Швендимен разговараше со косовските власти во Приштина, на кои им пренесе дека ниеден политичар или командант на поранешна ОВК нема да има имунитет пред Специјалниот суд и дека целиот процес ќе биде објективен и нема да има селективна правда.

Швендимен на 1 септември беше именуван за главен обвинител на судот кој ќе се заседава во Хаг. Судот ќе води постапки за наводите за воени злосторства кои биле сторени од 1998 до 2000 година на Косово и на кои упатува извештајот на Дик Мартиј од Советот на Европа од 2011 година.

Се очекува првите обвиненија против некои од поранешните офицери на ОВК, судот да ги испорача на крајот на од годинава или на почетокот на 2017 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...