fbpx

Ахмети како сведок денеска и утре ќе дава исказ пред Специјалното обвинителство за Косово

-

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска и утре ќе дава исказ пред истражителите на Специјалното обвинителство за воените злосторства во Косово, како сведок за неговата улога во ОВК.

Ахмети е повикан во овој Суд како сведок на обвинението поднесено за воени злосторства покренато против претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на ДПК, Кадри Весели.

Во врска со сведочењето, Ахмети минатиот месец на неговиот фејсбук-профил објави дека „ќе сведочи на покана од Специјалното обвинителство со седиште во Хаг, кое ги истражува злосторствата за време на војната во Косово, како сведок и еден од основачите на ОВК.“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...