fbpx

Обука за поголема безбедност на вода по британски стандарди

-

Црвен крст од Охрид, под водство на инструктори за безбедност на вода од „Операција Флориан“, од Велика Британија, во водите на Црн Дрим во Струга и во Охридско Езеро, спроведе обука за спасување и за извлекување давеници од брзи води.

Центарот за безбедност на вода при Црвен крст од Охрид, со тоа се здоби со тренери и со спасители на брзи води. Спасителите на вода и екипите за прва помош при општинскиот Црвен крст добија и нови униформи, кои се донација од фирмата „Џерман хелт кер“ (German Health Care).

Единствени во Македонија, обучени по стандардите на Велика Британија, овие тренери и спасители на вода во периодот што следува, на соодветни обуки ќе ги пренесат стекнатите знаења и вештини на своите колеги во другите средини во Македонија, за да се зголеми безбедноста на вода на брзи води-реки.

– Како резултат на обуките, Центарот за безбедност на вода при општинскиот Црвен крст доби спасители на брзи води. Вложуваме многу во нашите капацитети и во нивната надградба за да може да се одговори на сите предизвици. Оваа година се насочивме кон обука на спасители и на тренери за интервенции на брзи води, што недостига во Македонија. Среќни сме што осум наши спасители и двајца тренери ќе бидат подготвени да ги пренесат своите знаења и вештини за спасување на брзи води насекаде низ Македонија. Капењето на реката Црн Дрим, е забрането за што има и поставено информативна табла, но тоа често не се почитува. Затоа има и несреќни случаи и давеници и поради тоа мора да има и присутни спасители – вели претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...