fbpx

ЗНМ: Пешевски веднаш да поднесе неотповиклива оставка

-

Здружението на новинарите на Македонија силно го осудува физичкиот напад врз новинарот Саше Ивановски од вицепремиерот Владимир Пешевски, со кој е загрозено здравјето и физичкиот интегритет на еден новинар. Од ЗНМ велат дека насилството против новинарите во едно демократско општество, е насилство против слободата и демократијата.

„Жртви на тоа насилство не се само новинарите, туку и самите граѓани, кои имаат право да се информираат од медиумите за тоа како нивните претставници ја практикуваат власта. Вицепремиер очајнички се обиде со тупаници да замолчи новинари да не поставуваат незгодни прашања на власта и насилно да ја ограничи слободата на медиумите“, се вели во соопштението од ЗНМ.

Од ЗНМ го повикуваат Пешевски да поднесе неотповиклива оставка затоа што, според нив, тој веќе е недостоен да извршува таква висока функција во Владата, a од државниот јавен обвинител Марко Зврлевски очекуваат да покрене постапка против Пешевски.

„Од друга страна, ЗНМ го оценува како скандалозно соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по повод нападот врз Ивановски, со кое се легитимира насилството како средство за справување со новинари. Македонската јавност од функционерите на власта очекува одговори на поставените прашања, а не тупаници против новинари кои поставуваат прашања“, велат од ЗНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...