fbpx

Облачно и нестабилно време, локално со пороен дожд

-

Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно на места со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи и со засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град, особено во источните делови.

Кон крајот на денот ќе почне да дува засилен северозападен ветер, а на повисоките планини во западните делови ќе провејува снег. Минималната температура ќе биде помеѓу пет и 11, дневната температура ќе се движи од 14 до 22 Целзиусови степена.

Во Скопје слично време со температура до 19 Целзиусови степени.

Утре поради спуштање на студена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите. Претпладне во западните делови ќе има услови за слаб дожд, а на повисоките планини ќе провејува снег. Во среда утрото ќе биде студено, на места со негативни утрински температури, но преку денот ќе преовладува посончево и потопло време. Локални врнежи ќе има и во четврток и петок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...