Објавена најновата експанзија The War Within за World of Warcraft

Насловот на експанзијата The War Within е двозначен „Борбата внатре“ (во Светот на Азерот, во подземјето) и „Внатрешна борба“ (на протагонистот, играчот со сам себеси)

Ivan Warrior Main na World of Warcraft скриншот од лична архива на Иван Стојановски
Скриншот од лична архива на играч на WoW

Објавена е најновата експанзија за подземниот свет наречена The War Within за World of Warcraft. Исто така наближува и 20 годишнината на World of Warcraft франшизата и се очекуваат повеќе настани за прославата со специјални награди кои можете да ги добиете само ако сте претплатник и ги направите потребните задачи познати како „квестови“. Централната прослава во игра ќе се одржи на 1 ноември.

Самата приказна и кампања во играта е содржајна и се очекува да има добар наратив. Засега има два нови Dungeons (буквален превод е „зандани“ но меѓу гејмерите се викаат „данџ’ни“ или „инстанци“). Едната е арена со различни борби, а втората се одвива на летечки брод. Мапата и областа на подземниот свет не е клаустрофобична туку е толку голема што жителите патуваат дури и со воздушни летечки бродови. Ако ве интересира поконцизно образложена „гејмерска терминологија“, консултирајте го овој напис.  

Насловот на експанзијата The War Within е двозначен „Борбата внатре“ (во Светот на Азерот, во подземјето) и „Внатрешна борба“ (на протагонистот, играчот со сам себеси). Симнувањето во подземниот свет е образец во книжевноста што го има документирано и Владимир Проп во книгата „Морфологија на Бајката“ каде објаснува елементи на обрасци за бајки кои важат и за денешна епска фантастика, а играта World of Warcraft (Светот на воениот занает) е токму епска фантастика со доста хумор и пародија и одлична атмосфера. Друга книга од македонски автор за обрасци и историјат на епска фантастика и мрачна фантастика е книгата „Подземната Палата“ каде има и детали за култниот Џ.Р.Р. Толкин што не се толку познати на широката јавност. Но „симнувањето во подземиниот свет“ на самиот јунак (протагонист, главен лик) го има и во повеќе митологии од кои најпознат е примерот со Одисеј на Хомер во старогрчката и Анер на Вергилиј а во римската митологија.

Oчигледни се многу карактеристики преземени од играта Guild Wars 2 како најавени динамчни настани (dinamic events) не само во стил на World Boss-еви (Огромни главни чудовишта што се тепаат од повеќе играчи оденаш во различни зони) туку и инвентивни подинамични квестови што може да се играат кога ќе ја завршите основната кампања.

Друга видлива сличност се печурките за скокање високо што се појавија пред неколку години во експанзијата Heart of Thornes на Guild Wars 2. А превземањето на стилот на летање од истоимента експанзија од Guild Wars 2 во WoW го имаме обработено во исто така во претходен напис со најавата на претходната WoW експанзија Dragonfligth.    

Единствена маана на играта WoW ѝ е што е една од најскапите игри за играње за која мора да уплаќате на месечно, квартално или годишно ниво, т.н. плаќање за gametime. Но сега ако се одлучите да ја купите ги добивате сите експанзии одеднаш за иста цена. Најефтината варијанта е околу 50 евра за играта и околу 14 евра месечна претплата, што се купува на следниов линк.