Најавена следната експанзија за World of Warcraft наречена Dragonflight како и WOTLK Classic

Скриншот од Трејлер за WoW Dragonflight
Скриншот од Трејлер за WoW Dragonflight

Blizzard ја најавени следната експанзија за WoW, Dragonflight, како и Wrath of the Lich King (WOTLK) Classic. За WOTLK Classic е најавено дека ќе излезе годинава и ќе се крева левел до 80, со таа разлика што нема да има Dungeon Finder опција (што беше позитивен новитет за оваа експанзија) туку играчите ќе бидат оставени сами на себе да прават групи за dungeons и raids. Сепак за играње на WOTLK Classic ќе ви треба само месечна претплата, но веројатно ќе има и достапни додатоци за купување како што беше за TBC Classic. 

Во WoW Dragonflight се враќаат змејовите како заштитници на Азерот и е откриена новата раса на змејолики хуманоиди наречени Dracthyr што ќе имаат и човечка форма и ќе се бира помеѓу Human за Алијанса и Bloodelf за Хорда. Класата што ќе се игра со нив е херојска класа (Hero Class) како што се Deathknigth и Demonhunter, кој ќе биде Евокер односно магионичар со офанзивни магии како Евокерот во старите верзии на  Neverwinter Nights и D&D. Овојпат со додатни змејски способности ќе можете да прелетувате над област и да напаѓате, да одбивате непријатели како и опција да „глајдате“. Летањето за змејовите ќе биде отклучено од почетокот на играта за разлика од другите експанзии каде се отклучуваше со долги серии додатни квестови, а ќе може и тотално да го менувате изгледот на змејот што ќе го јавате и да го направите да изгледа баш како што сакате. 

Ќе се крева левел до 70 и ќе има интересни новитети во професиите, каде играчите ќе можат да нарачаат правење на „ајтем“ преку AH (Аукција) да ги достават материјалите и сума за изработката, а оние што го имаат потребниот рецепт и професија ќе може да земаат нарачки за „крафтање“. 

Исто така, голем новитет ќе биде тоа што Хордата и Алијансата ќе можат да играат во иста група. Ова беше најавено и за следни пачови, но сигурно ќе го има во WoW Dragonflight експанзијата. Ќе има и дрвја со таленти и специјализации, на пример ако играте Retri Paladin ќе можете да додадете и таленти за лечење на Holy. 

Guild Wars 2 (GW2)  играчите на YouTube и Twitch сметаат дека летањето во голема мерка е превземено од Guild Wars 2.