fbpx

Новогодишната ноќ помина мирно, без поголеми интервенции на лекарите

-

На Клиниката за токсикологија во Скопје за време на новогодишната ноќ биле примени 28 пациенти, информираат од оваа здравствена установа. По соодветната здравствена грижа, сите пациенти биле пуштени на домашно лекување.

Во текот на новогодишната ноќ биле регистрирани и четири смртни случаи во домашни услови на лица од 40 и над 60 години.

Директорката на Здравствениот дом Скопје, Татјана Баевска-Вучковиќ истакна дека Службата за итна медицинска помош изминатите 24 часа интервенирала кај 168 лица од Скопје и од околните населени места.

– Согласно статистичките податоци, можеме да кажеме дека новогодишната вечер и денот поминаа релативно мирно. Граѓаните, сепак, ги почитуваат препораките кои ги даваме и се надеваме дека и во наредните празнични денови ќе продолжиме на овој начин -изјави Баевска-Вучковиќ.

Директорката на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Јасмина Чабуковска, информираше дека во текот на изминатото дежурство им била укажана лекарска помош на вкупно 65 пациенти, меѓу кои биле згрижени и полесно повредени пациенти во две сообраќајни несреќи во Скопје и во околината.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...