Во скопската населба Железара, денеска беа пуштени во употреба нов објект на Основното училиште „Григор Прличев“ и тениско игралиште.
Училиштето е со капацитет за 500 ученици, со површина од 2.000 квадратни метри. Изградено е според стандардите за енергетска ефикасност, со соодветни услови за деца со посебни потреби.
Во изградбата на училиштето, Општина Гази Баба инвестираше 72 милиони денари, обезбедени преку кредит од Светска банка.
Македонија Ново училиште и тениско игралиште во скопска Железара