Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.550 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на ковид-19: Скопје – 10, Куманово и Дебар – по 2, Тетово – 1.
Регистрирани сe 6 оздравени пациенти од: Скопје – 5 и Тетово – 1. Не се регистрирани починати лица.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.965, бројката на оздравени пациенти е 150.243, на починати е 5.488, а бројот на активни случаи изнесува 234.