Нова веб платформа на „5+“ за неформално учење и забава

ОХО креираше нова веб платформа www.5plus.mk – за неформално е-учење, забава и квалитетно време поминато во дигиталниот простор, информираат од продукцијата.

Веб платформата содржи избор од интерактивни едукативни содржини и активности на македонски и албански јазик кои помагаат за развој на основните логички операции кај децата и ја поттикнуваат нивната креативност.

„Новата веб платформа 5+ обезбедува неформално образование, содржини за забава и квалитетно време поминато во дигиталниот простор. Меѓу другото, новата страница е редизајнирана и ребрендирана, има поедноставен дизајн, подобрена функционалност и јасна содржина што ја прави едноставна за користење,“ велат од ОХО продукција.

Корисниците на веб платформата, меѓу кои најмногу децата, имаат можност да ги гледаат сите епизоди од изминатите сезони на ТВ серијата 5+ Фамилија, да ги играат игрите со Петко, да ги читаат сите е-сликовници, како и да ги слушаат своите омилени песни од 5+ Бенд.