fbpx

Нова „бомба“ на СДСМ: Ставрески и Јанкулоска купиле станови во иста зграда

-

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денеска објави нови прислушувани разговори во кои се слуша како министерот за финансии, Зоран Ставрески, ја советува поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како да дојде до нов стан.

Според Шилегов, својот совет Ставрески го применил и самиот и стекнал стан во истата зграда.

– Јанкулоска и нејзиниот сопруг Влатко купиле два стана, истите оние надградени и проширени на поткровјето за кои прашувавме од каде имала толку пари ексминистерката. Кој ѝ ја дал на Јанкулоска идејата како да дојде до становите? Тоа е нејзиниот близок колега, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески – изјави Шилегов.

Во разговор помеѓу Ставрески и Јанкулоска се слуша како се договараат за станови во иста зграда. Тој ѝ објаснува дека се плаши некој да не го види додека го избира станот, погледот на станот, додека го опремува и на чие име да гласи.

– Станот на министерот за финансии, Зоран Ставрески, е на име на неговиот прв братучед Владимир Ефтимовски, кој ја врши функцијата претседател на управниот одбор на Стопанска банка – Битола – рече Шилегов.

Јанкулоска и портпаролот на МВР, Иво Котевски, зборуваат за станот на министерката. Тој ја предупредува министерката дека граѓаните ќе реагираат откако ќе се дознае за станот, на што таа одговара дека нема медиуми што би ги објавиле овие информации. Котевски на тоа вели дека единствените што можат да објават се „Плусинфо“, „Бриф“, „А1 он“ и „Либертас“.

Во последниот разговор што денеска беше презентиран пре Владата, Јанкулоска зборува со сопругата на Ставрески за тоа како да ги опремат становите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...