Нов трејлер за Drakania Awakening како и нова сезона на Black Desert Online

Скриншот од играта Black Desert Online
Скриншот од играта Black Desert Online

Драканија добива свое Awakening со копје и штит како оружја наместо дворак меч и многу мобилност и скилови со силни удари. Во Black Desert Online различните херои и хероини имаат два вида на дрвја со таленти Succession и Аwakening, а новите херои ги добиваат во тој редослед. Succession е обично со првичното оружје или оружја бидејќи некои класи користат и по две оружја на почеток, но оружјето за напад од далечина најчесто останува исто. 

Овој трејлер е за Awakening на Драканија -најновата хероина во играта и ја преставува приказната. Секое вакво воздигнување на ликот се прави со серија „квестови“ а и најчесто има борба со непријател на крајот од Succession. За Awakening како дел од приказната се прават основни комбоа што ќе ги употребувате понатаму, но добра идеја е да наредите скилови на вашиот „скилбар“ за секое комбо да се прави со едно притискање на копче. 

Слично како Dragonborn на Skyrim -Драканија има змејска крв и затоа на Awakening трејлерот и се појавува и змејско крило и оклопот ѝ е со форма на змеј. Се очекува ова да биде еден од понапреднатите ликови бидејќи со досегашниот “datamining” е откриено дека мобилноста ќе биде многу подобра од другите херои и хероини како и самиот „демиџ“ што ќе го прави Драканија. 

Додека евентот за ова е во тек, на 27 јули почнува и нова сезона, а сезонските ликови почнуваат тотално од почеток и неможат да имаат бенефити од претходните. Но, имаат убрзано левелирање со кое можете да ја скратите приказната. Сепак, пожелно е да ја земете книгата Chenga Tome која ви дава 30% повеќе XP (искуство) од завршени „квестови“ што е особено важно на високи левели. 

Главната причина што повеќето играат сезони е што треба само неколку дена да го измаксирате ликот и на крајот од процесот добивате комплетна “V Tuvala” опрема која што можете да ја користите на главниот лик или на алтови кога ќе заврши сезоната. Ако направите лик што е иста класа како вашиот главен лик ќе имате и оружја кои се измаксирани до оцена “V”. Сезоните на Black Desert Online функционираат слично на сезоните на Diablo 3. Една ваква сличност е што може дури да се случи вашиот сезонски лик да стане подобар и од вашиот главен лик, но тоа важи ако релативно неодамна сте ја почнале играта. И да стигнете до максимум опрема, сепак треба да се почека сезоната да заврши за да можете да си ја префрлате опремата. 

За разлика од други игри овде еден оклоп може да биде носен од сите класи, само оружјата се специфични за класите. Инаку, со обично играње, “V” опремата е многу тешка да се достигне. BDO ја имаме обработувано во два претходни текста: првиот и вториот

Тоа што е интересно е што Black Desert Online е малку потешка од другите MMO игри, но затоа и задоволството за завршување различни работи во играта е поголемо особено ако не се потпирате тотално на YouTube водичи, туку повремено и сами ги завршувате загатките и го изнаоѓате патот. Поради застареноста на повеќето YouTube видеа и новите промени во играта играчите се потпираат и на текстуални водичи со слики за измените.

Но, Black Desert Online ја има една од најдобрите заштити против крадења на акаунт и за разлика од повеќето MMO-a валутата Silver (која најчесто е Gold во други игри) морате сами да ја заработувате и неможе просто играч-пријател да ви поклони silver. Трејдањето е ограничено, но тоа ја прави оваа игра уникатна и единствена во поглед на заработувањето на “ingame currency”. И трошењето на заработеното сребро по долго штедење како на пример за Dream Horse или нешто навистина вредно нуди огромна сатисфакција кај играчите.

Иако како и во другите ММО игри и оваа игра има голем фактор на „коцкање“ за “loot”-нешто слично на „ролање за ајтем по рејд Boss” на WoW.

И среќата во играта е голем фактор. Но, ако „фармате“ редовно од време на време и ќе ви се посреќи со добивање вредни „ајтеми“ што може да ги продадете за сребреници (Silver), а со нив може да купите скоро сè во играта.  

Моментално во тек е и „мини-евент“ каде само зборувате со “Black Spirit” кој ќе ве награди со маска -која ја има на главната слика на овој напис-со статистики како “Premium Outfit item” плус бонус за “Vision +10”. Ова може уште веднаш да го направите преку GFN без да ја инсталирате играта, доколку веќе ја имате на Steam