fbpx

Независни Грци ќе бараат замрзнување на преговорите за името?

-

Десничарите Независни Грци, според првичните медиумски шпекулации, изгледа се прв избор за партнер во коалициска влада со СИРИЗА. Додека за економијата двете партии се на иста бранова должина, прашање е дали Ципрас и Каменос ќе успеат да ги надминат работите кои ги разделуваат, односно несогласувањата околу националните прашања како спорот за името. Додека СИРИЗА за спорот за името стои на националниот консензус за сложено име со географска одредница, Независни Грци многу гласно уверуваат дека не сакаат да го дадат името Македонија.

Потпаролот на партијата, Теренс Квик, во расправа со пратеникот на Нова демократија, Јанис Михелакис, во емисијата „Мега“, истакна дека националните прашања ќе се најдат во сенка на економските бидејќи приоритет во моментов е потребата секое грчко семејство да биде добро финансиски обезбедено.

– Што е итно во овој момент. Итно е она што го правеше Нова демократија да им го предаде името на Македонија на скопјаните или итно е да донесеме леб на масата на секое грчко семејство. Ќе се замрзне темата со Нимиц! –  истакна Квик во одговор на прашањето како планираат да се постават за националните прашања и за нивните ригидни црвени линии.

Ваквата изјава отвара прашање дали е можно да се договори коалиција само врз основа на договор за економските прашања, со спогодба за прашањата од надворешната политика да се остават на страна одредено време, за СИРИЗА да може комотно да формира влада или, пак, покажува дека Независни Грци, за да бидат на власт, би можеле суптилно и да ги сменат ригидните ставови околу спорот. Партијата досега неколкупати го повикуваше Андонис Самарас да им одговори во Собрание дали навистина го напуштил ставот од 90-тите години на минатиот век, со кој тврдеше дека нема да дозволи нашата држава да го користи името Македонија и планира да направи национално предавство со тоа што ќе прифати сложено име каде ќе фигурира и терминот Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...