fbpx

Недела на шпанскиот филм во Охрид

-

Aмбасадата на Шпанија во Република Македонија, заедно со Министерството за култура, Кинотеката на Македонија и НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, во Охрид организираат ревија на шпански филмови.

Филмските проекции се во периодот од  20 јули (понеделник) до 26 јули (недела).

Ревијата содржи седум филмови од поновата продукција на шпанската кинематографија со различни жанрови. Меѓу нив има и неколку филмови кои се добитници на повеќе национални, но и на меѓународни награди.

Ќе биде тоа можност за средба со филмовите на една од најдобрите европски кинематографии чии филмови, режисери, актери, сценаристи се врв и во светски рамки.

За тоа најдобро говорат успесите на шпанската кинематографија што таа ги постигнува на најпознатите филмски фестивали во Европа, но и во светот. Шпанската кинематографија може да се пофали со четири освоени награди „Оскар“ во категоријата најдобар странски филм и со дури 19 номинации за „Оскар“ во оваа категорија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Словенечкиот премиер е надвор од животна опасност, но останува на интензивна нега

Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега четири дена откако беше застрелан од вооружен маж, изјави заменик-премиерот на земјата, а пишува...