Во судир на два воза во метро, повредени повеќе од 400 лица

Повеќе од 400 патници се повредени во судир на два воза во метро во Јоханесбург.

Портпаролката на службата за вонредни ситуации, Нана Радебе, изјави дека во болницата во Јоханесбург се сместени 426 лица кои се здобиени со тешки и со лесни телесни повреди.

Спасувачките екипи се на местото на настанот и трагаат по патници, кои можеби се заглавени во вагоните.

До несреќата дошло кога возот што се движел, удрил во тој што стоел, бидејќи излегол од шините. Возовите се судриле меѓу метро-станиците Бујсенс и Краун мајнс, за време на најголемиот сообраќаен метеж.