fbpx

Не е точно дека Фатмир Битиќи ќе го напушти СДСМ и ќе премине во Вреди

Информациите дека тој сега ќе го напушти СДСМ и ќе премине во коалицијата Вреди не се точни. Ваквите информации тој лично ги демантираше и ги нарече шпекулации

-

Кратко по објавувањето на изборните резултати од двојните парламентарни и претседателски избори кои се одржаа на 8 мај, вицепремиерот Фатмир Битиќи на Фејсбук објави дека поднесува оставка од потпретседателската функција во СДСМ. Но, информациите дека тој сега ќе го напушти СДСМ и ќе премине во коалицијата Вреди не се точни. Ваквите информации тој лично ги демантираше и ги нарече шпекулации, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи ќе го напушти СДСМ и ќе премине во коалицијата на опизициските партии на Албанците, Вреди.

Вицепремиерот Битиќи прво ќе делува како независен пратеник, но ќе биде на линија со ВЛЕН кога ќе биде потребно Бадентерово мнозинство, а потоа и формално ќе стане дел од оваа коалиција, стои во објавата.

Објавата споделува и напис кој повикувајќи се на неофицијални информации тврди дека Битиќи, по оставката од потпретседателската позиција во СДСМ поради изборниот дебакл, ќе премине во коалицијата Вреди, потенцијален владин партнер на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која победи на парламентарните избори.

Според нашите добро упатени соговорници, откако ќе завршат внатрепартиските процеси во СДСМ, кои се очекува да минат во тензична атмосфера, Битиќи прво ќе делува како независен и самостоен пратеник во Собранието. Меѓутоа, дознаваме дека тој ќе биде на линија со ВЛЕН, а првиот сигнал за нивната меѓусебна соработка или координација ќе биде поддршката на Битиќи на закони за кои е потребно т.н. двојно или Бадентерово мнозинство, пишува во написот.

Вицепремиерот Битиќи на својот Фејсбук профил ги демантираше ваквите информации и ги повика медиумите и политичките субјекти да не шпекулираат и да не објавуваат вести од типот на „неофицијално дознава…”.

Ги повикувам медиумите како и политичките субјекти да не шпекулираат и да не објавуваат вести од типот на “неофицијално дознава…”. Моето членство во СДСМ и улогата на потпретседател се вкоренети во вредностите кои ги споделувам со огромен дел од моите сопартијци. Како пратеник достојно ќе ги претставувам сите кои гласаа за нашата коалиција, а останувам и сојузник на сите кои се за искрени внатре-партиски реформи. Заедно со моите сопартијци ќе ги донесеме тие промени. Тука сум, не одам никаде, цврсто стојам на патот на социјалдемократијата!, порача Битиќи на Фејсбук.
Кратко по објавувањето на изборните резултати од двојните парламентарни и претседателски избори кои се одржаа на 8 мај, вицепремиерот Фатмир Битиќи на Фејсбук објави дека поднесува оставка од потпретседателската функција во СДСМ.
Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот, напиша тогаш Битиќи.
Информациите дека тој сега ќе го напушти СДСМ и ќе премине во коалицијата Вреди не се точни. Ваквите информации тој лично ги демантираше и ги нарече шпекулации, така што. Поради тоа, објавата која ја анализираме, ја оценуваме како неточна.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претседателката Сиљановска Давкова го прими кинескиот амбасадор, Џанг Ѕуо

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо, соопштија од претседателскиот кабинет. На средбата било констатирано дека билатералните односи меѓу двете држави се основани...