fbpx

НБРМ останува на проекцијата за пораст од 4,1отсто на БДП

-

НБРМ останува на проекцијата за пораст од 4,1 отсто на БДП за оваа година и 4,5 проценти во 2016 година.

– Порастот во оваа и наредната година, во најголем дел ќе се должи на релативно силно позитивниот придонес на инвестициите, на извозот и во помал дел на порастот на личната потрошувачка. Засилениот пораст на извозот и натамошниот пораст на сите компоненти на домашната побарувачка ќе условат пораст на увозот при што нето-извозот би имал негативен придонес. За јавната потрошувачка е предвиден умерен пораст -изјави гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.

Според гувернерот Богов, ако политичката криза се пролонгира, ќе има негативни ефекти врз овие макроекономски проекции, кои во тој случај би оделе надолу.

Во првиот квартал на 2015 година, Народната банка ја задржа основната каматна стапка непроменета, на нивото од 3,25 проценти. Девизните резерви забележаа пад на квартална основа, што во најголем дел се должи на предвремена отплата на кредитот на Кредитната линија за претпазливост на ММФ.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...