fbpx

Заев: Многу нелогичности околу истрагата за Младенов

-

Во разговорите кои ги презентираше Зоран Заев, Гордана Јанкуловска и Иво Котевски зборуваат за тоа дека новинарот Томислав Кежаровски во „Нова Македонија“ ќе објави фискални сметки со кои се потврдува дека Никола Младенов бил во Велес.

Котески кажува дека истражниот судија се лутел зашто со некоја објава била нарушена истрагата. Зборуваат дека никогаш досега не бил нападнат истражен судија. Котески ѝ вели дека утредента ќе испратат што имаат да испратат, а сè друго ќе каже истражниот судија. Котески ѝ кажува дека на крајот на возилото имало друга боја, но не знае дали е тазе или е од порано. Тој ја информира дека ако тоа излезе во јавноста, нема да биде добро.

Котески, исто така, ѝ кажува дека „Нова Македонија“ објавила фотографии со предмети што биле најдени на местото на несреќата. Ѝ кажува дека ја има маршрутата по која возел Младенов, исто како што ја имаат и „Нова Македонија“ и УБК. Јанкулоска му објаснува дека таа информација не е за во јавност. Јанкулоска инсистира да не се објават во јавноста овие информации. Котевски кажува дека доказите од Томче не се валидни и веродостојни. Тој ја информира Јанкулоска дека камерите не работеле. Котески кажува дека Секуловска прашувала дали работат камерите во Сингелиќ, а на тоа тој не ѝ одговорил. Јанкулоска вели дека тоа не е нејзина работа. Јанкулоска за Секуловска вика дека е „комуњарка“ и дека нема нејзе што да ѝ објаснува. Јанкулоска му вели дека има поважни работи од Никола Младенов.

Во другиот разговор помеѓу Јанкулоска и Котески, зборуваат за сообраќајката и за ставовите на новинарите. Зборуваат за „Жанета од МИМ“ дека имала подобар став околу сообраќајката за разлика од други кои го рангирале Младенов како претседател. Котески ѝ кажува дека „со Трендо на Теменугов му местеле шега за возилото, дали ќе може во иднина да влезе во него“. Котески, исто така, ѝ кажува како тоа ако му се каже на Геро, тој би реагирал, на пример, ако некој го праша „Види Геро дали ти се напумпани гумите?“

Котески ѝ кажува дека „имало некоја луфта на последната базна станица околу аеродромот Петровец“ и дека Младенов можеби некого испраќал или пречекувал. Котески вика дека ако прашуваат новинарите за мобилниот телефон, ќе каже дека тој не е најден. Јанкулоска му вели дека не треба да им одговара и зошто тоа било важно. Котески ѝ објаснува дека три часа Младенов не добивал повици, што е малку чудно, а последниот човек кој му се јавил бил Геровски. Јанкулоска му објаснува дека во нивните медиуми можат да стават наслов „Геро го испрати во смрт“.

Зоран Заев го покажа записникот од извршениот увид на сообраќајнат несреќа на 27 март 2013 година, каде се наведени четири клучни работи зошто е потребна нова истрага.

–  Тука пушува дека Младенов возел на десната страна на автопатот, а пишува и дека возилото удрило со предниот дел во заштитната ограда. Доколку возилото се движело од десната страна, требало да излета на друга страна. Според експерти, возилото би требало да се движи во левата лента. Во записникот на МВР, никаде не пишува дека пукнала гума, па тоа предизвикало нагло свртување. Во записникот стои дека на возилото на Младенов има траги од друга боја. Имало црна и црвена боја. Факт е дека нема лак во секоја автомобилска боја, тоа додатно се става. Постои голема веројатност доколку возилото било удрено, да се ротирало и да излетало од патот. Во записникот стои дека не се најдени траги од крв на ветробранското стакло, како ни на облеката. Се поставува прашањето како излетало телото на Младенов? Автомобилските безбедносни стакла се кршат на многу ситни делови. Ако е така, на телото на Младенов би имало траги од крв. Телото е најдено на 25 метри од возилото. Зошто беше посочено во медиумите дека телото било на оддалеченост од седум метри. Во записникот стои дека биле пронајдени три фискални сметки. Тоа беше скриено од јавноста. Зошто Марко Зврлевски изјави дека на местото на настанот не се пронајдени фискални сметки. Што се крие во овие фискални сметки што никој не ги споменува. Ветувам дека по промената на власта ќе биде отворена нова, независна истрага, која ќе ги расчисти сите сомневања. Правдата ќе ги стигне сите. Колку чини слободата? Ајде заедно да се избориме вакви несреќи да не ни се случуваат повеќе  – изјави Заев.

Од СМС-комуникацијата меѓу Јанкулоска и Груевски се гледа дека и Никола Груевски на 3 април ги имал овие информации: „Има една незгодна работа на колата, има малку боја“, е дел од СМС-комуникацијата меѓу Јанкулоска и Груевски.

Тој напомена дека повеќе од 10.000 прислушувани разговори има за Младенов.

Заев рече дека Јакимовски ѝ кажал на сопругата на Младенов дека се видел последен со него. Но, според него, тоа не е вистина и Јакимовски не се сретнал со него, туку тоа бил некој друг. Последните разговори биле со познати лица од јавноста во Македонија.

За насилството на протестите за Мартин Нешковски, Заев рече дека апелира на мирни протести.

– Се гордеам со храбрите луѓе што излегоа на протести. Има сомневање дека има провокатори кои излегуваат и провоцираат. На крајот, секој што провоцира треба да знае дека тоа е казниво. Апелирам дека ненасилни протести се обврска за сите нас – изјави Заев.

Во врска со преговорите во Брисел, Заев рече дека немаат информација до каде се и остава за тоа да информираат претставниците од ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...