fbpx

Врховниот суд го вратил случајот на Вранишковски на повторно судење

-

Врховниот суд на седница што била одржана на 26 февруари оваа година, во целост ги укинал првостепената и второстепената одлука за случајот „Вранишковски“ и го вратил предметот на повторно судење.

Одлуката вчера била доставена до Основниот суд Скопје 1, информираат оттаму.

„Во напатствијата на Врховниот суд стои дека при повторното постапување, првостепениот суд е должен повторно да ги изведе предложените докази, да ги отстрани противречностите, да даде јасно и непротивречно образложение за сторување на кривичното дело перење пари за кое Јован Вранишковски е огласен за виновен и осуден, со ваквото постапување врз основа на правилно утврдена фактичка состојба, Судот да донесе правилна и законита одлука во поглед на постоење кривична одговорност на осудените“, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1, објавено на интернет-страницата на судот.

По одлежани повеќе од три години од пет и полгодишната затворска казна, Вранишковски на почетокот на февруари доби условен отпуст и го напушти затворот Идризово, во кој ја издржуваше казната.

На ослободувањето на расчинетиот владика му претходеше серија настани, кои почнаа со посетата на митрополитот Волоколамски Иларион Алфеев, по што МПЦ побара „милост“ за Вранишковски, а судот експресно реагираше и ја донесе одлуката, што ја потврди и Апелацискиот суд, откако беше обжалена од Обвинителството.

Ослободувањето на Вранишковски се толкуваше како прв чекор во затоплувањето на односите меѓу СПЦ и МПЦ и услов за почнување разговори меѓу двете цркви.

По ослободувањето, Вранишковски на покана од патријархот московски и на цела Русија, г.г. Кирил, замина во Санкт Петерсбург.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...