fbpx

Наскоро ортофото снимање на земјоделските површини на целата територија на земјава

-

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска го потпиша Договорот со МГГП С.А. [MGGP S.A.] од Полска, за ново ортофото снимање на земјоделските површини на целата територија на земјава. Снимањето ќе почне овој месец.

Ортофото картите изработени од новото аерофотограметриско снимање ќе бидат основен извор на геопросторни информации, кои ќе ја дадат моменталната слика на терен. Нивното значење е големо, пред сè за водење на регистрите во рамки на министерството, се појаснува во соопштението.

Изготвените ортофото снимки наоѓаат примена и при управувањето и креирањето на земјишната политка во делот на полјоделството, овоштарството и лозарството, потоа управувањето со државното земјоделско земјиште, како и во делот на водостопанството и шумарството. Целта на оваа активност е да бидат изготвени нови дигитални ортофото карти со висока резолуција, кои што понатаму покрај во земјоделството ќе најдат широка примена и во повеќе области како: геодезијата, катастарот, урбанизмот, заштитата на животната средина, кризниот менаџмент, одбраната и во други области каде што се користат геопросторни податоци.

Последното ортофото снимање на целата територија на земјаваа беше извршено во 2017 година.

„За новото ортофото снимање, кое започнува овој месец и треба да биде завршено до крајот на август, зависно од временските услови, во целост се обезбедени средства од националниот буџет на државата, во вкупна вредност од 25,8 милиони денари. Изработката на овие податоци е во согласност со неколку стратешки приоритети на Владата на Република Северна Македонија и е во согласност со новиот модел за субвенционирање, кој ќе биде побрз и поефикасен, со поголема контрола и насочен кон поддршка на вистинските земјоделци. Токму ортофото снимките се еден од методите кои на Платежната Агенција ќе и помогнат за поголема контрола при процесот за финансиска поддршка во земјоделството“ изјави министерот Николовски.

Преку новите ортофото снимки ќе се ажурираат податоците за референтните земјишни парцели, со што точно ќе може да се утврди употребата на земјиштето. Пријавувањето, пак, за финансиска поддршка, ќе се врши само за парцела на која е утврдена употреба за земјоделска дејност со точно утврдена големина.

Платежната Агенција има можност уште во процесот за поднесување на барања да врши административни проверки за големината на пријавена површина и кодот на употребата. На тој начин ќе се намали ризикот од пријавување на необработено земјиште.

Новите ортофото снимки се неопходна основа и за надградување на IACS со новиот модул „Мониторинг“, за следење на сите земјишни парцели преку сателитски снимки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...