fbpx

Наскоро лидерска средба кај Иванов за името

-

Лидерите на политичките партии наскоро ќе се сретнат со претседателот Ѓорге Иванов за да разговараат за рамката за решението на спорот со името, кој нашата држава го има со Грција, информираше денеска портпаролот на Влада, Миле Бошњаковски.

– Владата го започна процесот на анализа и на координација околу најновата рамка на медијаторот Метју Нимиц. Очекуваме да изградиме широк национален консензус. Кабинетот на министерот за надворешни работи е во координација со кабинетот на претседателот Иванов за организација на средба на која што ќе бидат повеќе политички субјекти, на која ќе се разговара за рамката – рече Бошњаковски.

Средбата помеѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас е предвидена за попладне во Давос. Бошњаковски го повтори ставот на владата дека „атмосферата е позитивна“ и дека „постои оптимизам во двете држави дека ќе се најде решение за спорот со името со цел да се сочува достоинството на двете страни.“

– Самата средба претставува исчекор напред кон решение – додаде Бошњаковски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НСЗР најавува штрајк доколку нема линеарно зголемување на платите

Правилно и законски да се исплати платата, согласно Законот за минимална плата, побара Независниот синдикат на здравствени работници на денешната прес-конференција. Независниот синдикат при КСОМ најави протести за време на...