fbpx

Населбата Серава цела ноќ „будна“ поради поплавите: Ај што не доаѓаат да нѝ помогнат, туку ни на телефон не одговараат

-

Поројните врнежи завчера попладне ја поплавија населбата Серава во општина Чаир, која што се наоѓа на само 2,5 километри од центарот на Скопје. Екипата на Порталб.мк посети дел од куќите кои настрадаа од поплавите. Жителите чистеа цела ноќ, но и преку ден, бидејќи подрумите и другите простории им беа полни со вода. Бараат од општинските или централните власти да им помогнат бидејќи штетите се сериозни, но досега никој не им тропнал на врата, ниту пак одговорил на нивните повици.

„Цела ноќ чистевме и се обидувавме да спасиме што е можно, но сè уште не можеме да се повратиме. Како што гледате, штетите се огромни“, изјави за Порталб.мк жител на улицата „Перо Тошев“, чија куќа беше поплавена од врнежите.

Призорите што може да ги видите на фотографиите и видеата што ги обезбедивме од некои куќи во некои населби на Серава се драматични.

Граѓаните се револтирани од општинските власти, бидејќи според нив, никој не отишол да ги посети по завчерашните поплави.

„Ги молам како браќа да дојдат да видат дека сме во голема мака“, вели граѓанин кој живее на улицата „7 Јули“.

„Ај што не доаѓаат лично да нè прашаат, туку не одговараат ниту на телефон. Кога им требаат гласови доаѓаат сите, денес кога сме во мака никој не доаѓа“, вели друг жител.

Инфраструктурните проблеми на Серава со години се проблем за граѓаните кои живеат тука. Ова не е првпат домовите на граѓаните да се наполнат со вода, но според нив никогаш досега немало поплави како вчерашните.

„Секогаш сме имале проблеми, но никогаш не сум видел нешто како вчера. Нема куќа што нема проблеми“, вели жител на ова маало.

Работите што се одвиваат во некои делови на Серава ја влошија состојбата, и затоа дел од жителите се жалат дека дел од шахтите биле затворени.

„Оваа улица се гради две години и како што гледате таа е во страшна состојба“, вели за Порталб.мк жител на улицата „Пере Тошев“, која е една од главните артерии на оваа маало.

Освен тоа, започнати се работи и на секундарните сокаци, кои исто така не се завршени. Неизвршувањето на работите придонесе тампонот и другите предмети да ја блокираат канализационата мрежа.

Инаку, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов информираше за последиците од големото невреме што го зафати Скопје. Во периодот од 16:00 до 19:30 часот на бројот 112 се примени околу 450 повици. Има повеќе од 30 паднати дрвја и неколку бандери, поточно дрво паднало врз автомобил во Бутел, при што се повредени две лица. Едното лице е со повреда на главата, додека другиот со повреда на раката и ногата. Нема официјална информација колку се сериозни повредите, лицата биле комуникативни и првичните оценки се дека не се работи за нешто посериозно.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска изјави дека по целосна анализа на состојбите, кризниот штаб ќе соопшти решение за овие проблеми, но ќе се бара одговорност и за несоодветната атмосферска инфраструктура, особено на ново реконструираните градски булевари каде што се предизвикани најголемите штети.

Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР) и за денеска најави нестабилно време во главниот град.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Од понеделник субвенционираниот студентски оброк ќе се исплаќа на неделна основа

Од 1 март се менува начинот на кој се исплаќа субвенционираниот студентски оброк. Наместо на дневна основа, од понеделник паричните средства за оваа мерка ќе се исплаќаат одеднаш за шест...