Најмалку шест убиени во израелски напад врз болница во Бејрут

Најмалку 46 луѓе биле убиени и 85 се здобиле со повреди во израелските напади врз Либан во последните 24 часа

-

Израел повторно изврши воздушни напади врз Бејрут, главниот град на Либан. Според либанското министерство за здравство, најмалку 46 луѓе биле убиени и 85 се здобиле со повреди во израелските напади во последните 24 часа, пренесува Гардијан.

Израелските сили изврши воздушен напад врз болница во центарот на Бејрут. Најмалку шест лица биле убиени и најмалку седум биле повредени во нападот.

Копнената офанзива на Израел во јужен Либан исто така продолжува. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека осум од нивните војници биле убиени.

Во меѓувреме, Иран се подготвува за израелски напад врз нивните нуклеарни складишта, кој би бил одговор нивниот напад врз Израел, во кој беа таргетирани воени цели и немаше жртви. Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац вети одмазда за нападот на Иран.

Американскиот претседател Џо Бајден има изјавено оти не би поддржал напад врз Иран, но Израел повеќе пати ги има игнорирано апелите на САД. Имено, амбасадор на Либан во Велика Британија изјави оти Хезболах се согласил да се примени планот за 21-дневно примирје исцртан од претседателите на САД и Франција. Но, кратко по апелот за примирје, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја нареди копнената офанзива во Либан, како и убиството на Хасан Насарлах, лидерот на Хезболах. Според Нетанјаху се соочувал со притисок во Израел – крајнодесничарскиот министер за внатрешни работи Итамер Бен-Гвир се закани дека би ја растурил коалицијата на Нетанјаху доколку се договори примирје со Хезболах.

Истовремено, израелските напади врз Газа продолжуваат. Во текот на вчерашниот ден, најмалку 70 луѓе биле убиени во Газа, од кои најмалку 12 биле деца.

Станарите од опожарената зграда во Чаир не знаат кога ќе се вратат дома, бараат одговори од надлежните

Пожарот кој вчера ја зафати зградата на ул. „Прохор Пчински“ утрово беше изгаснат, но станарите сè уште немаат одговори во однос на тоа што го предизвикало пожарот, колкава е...