Израелската војска започна копнена офанзива во јужен Либан, пренесува Гардијан.
„Израелските одбранбени сили (ИДФ) започнаа со ограничени, локализирани и таргетирани копнени напади, чии цели се одредени врз основа на прецизни разузнавачки информации против терористички цели и инфраструктура на Хезболах во јужен Либан. Овие цели се лоцирани во села блиску до границата и претставуваат непосредна закана за израелските заедници во северен Израел. Операцијата ‘Северни стрели’ ќе продолжи според потребите на ситуацијата, паралелно со борбите во Газа и други подрачја“, соопшти израелската војска на Х.
Либанските медиуми известуваат дека била нападната зграда во Аин ал-Хинвех, најголемиот камп за палестински бегалци во Либан. Израелските медиуми тврдат дека исламистичкиот командир Мунир Макдах бил повреден во нападот.
Според либанското министерство за здравство, најмалку 95 лица биле убиени и 172 повредени во вчерашните воздушни напади врз Либан.
Покрај копнената офанзива, продолжија воздушните напади во јужен Либан и главниот град Бејрут.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека бил претходно известен за нападот врз Либан и дека и ургирал против неговата изведба.
„Посвесен сум за случувањата отколку што можеби мислете и би бил удобен со тоа нападите да престанат. Треба веднаш да имаме прекин на огнот“, изјави Бајден.
Истовремено, министерот за одбрана на САД Лојд Остин изјави дека тој бил во комуникација со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант. Остин смета дека има потреба од „уништување на воената инфраструктура“ околу границата со Либан. Дополнително, кратко пред нападот, министерството за одбрана на САД соопшти дека ќе прати „неколку илјади“ трупи во Израел.
Дополнително, сириски медиуми известуваат дека имало воздушни напади во Дамаск. Најмалку тројца цивили биле убиени во нападите.
Во Тел Авив одекнаа утрово сирени и израелските медиуми известуваат дека проектили од Либан се упатени кон Израел.